Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Култура»После една година од смртта: Баладата „Фросина“ – емотивен спомен за младата дизајнерка
    Култура

    После една година од смртта: Баладата „Фросина“ – емотивен спомен за младата дизајнерка

    29/01/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Денес се навршува една година од трагичната смрт на Фросина Кулакова, 22-годишната модна дизајнерка чиј живот беше прекинат во сообраќајна несреќа во Скопје. Таа загина на лице место откако во неа удри автомобил управуван од млад возач, што предизвика силна јавна реакција и барање правда низ целата земја.

    Во спомен на Фросина, денеска е објавена емотивната балада „Фросина“. Текстот е напишан од Огнен Неделковски, а музиката и изведбата се дело на Александар Митевски.

    Песната не повикува на одмазда, туку на будење на општествената свест и на одговорноста што ја носиме сите, особено кога станува збор за безбедноста и заштитата на младите животи. Таа порака е во сржта на мисијата на Фондацијата „Фросина Кулакова“, која по трагедијата активно работи на подигање на јавната свест и превенција од слични несреќи.

    Во објавата на фејсбук-страницата на Дац и Александар стои:

    „Слушнете ја ‘Фросина’, балада во спомен на Фросина Кулакова, чија младост згасна на денешен ден 29 јануари минатата година.
    Песната е емотивен подарок од авторите Александар Митевски и Огнен Неделковски за семејството Кулакови и Фондацијата ‘Фросина Кулакова’.
    Напишана и родена во една доцна ноќ и во еден здив како демо снимка…
    ‘Фросина’ нека биде спомен, парче светлина, капка утеха, поука за нацијата и лек за душата.
    Да ја споделиме пораката, емоцијата и поддршката…“

    Песната е објавена во пресрет на донаторската вечер на Фондацијата „Фросина Кулакова“, која ќе се одржи вечерва во 19 часот, со цел Фросина да не биде заборавена.

    https://www.facebook.com/reel/211927740549338

    Поврзани вести:

    Весна Димитровска прогласена за најдобра актерка на меѓународен фестивал во Италија

    Весна Димитровска прогласена за најдобра актерка на меѓународен фестивал во Италија

    Вечерва во Битола се затвора јубилејното 35. издание на „Интерфест“

    Вечерва во Битола се затвора јубилејното 35. издание на „Интерфест“

    Билјана С. Црвенковска гостува на „Денови на македонската поезија“ во Гетеборг

    Билјана С. Црвенковска гостува на „Денови на македонската поезија“ во Гетеборг

    Отворено 47. издание на Фестивалот „Браќа Манаки“

    Отворено 47. издание на Фестивалот „Браќа Манаки“

    Битола од вечерва е центар на филмската камера, почнува 47.  издание на Фестивалот „Браќа Манаки“

    Битола од вечерва е центар на филмската камера, почнува 47. издание на Фестивалот „Браќа Манаки“

    Почнува седмото издание на Скопскиот градски фестивал со уметници од шест земји

    Почнува седмото издание на Скопскиот градски фестивал со уметници од шест земји

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Весна Димитровска прогласена за најдобра актерка на меѓународен фестивал во Италија

    16/10/2026

    Вечерва во Битола се затвора јубилејното 35. издание на „Интерфест“

    10/10/2026

    Билјана С. Црвенковска гостува на „Денови на македонската поезија“ во Гетеборг

    05/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.