Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Економија»Поништена набавката за 150 електрични автобуси, постапката ќе се распишува повторно
    Економија

    Поништена набавката за 150 електрични автобуси, постапката ќе се распишува повторно

    22/05/20261 Min Прочитај
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Државната комисија по жалби за јавни набавки донесе одлука за поништување на постапката за набавка на електрични автобуси и станици за нивно полнење, соопшти Министерството за транспорт.

    Од Министерството информираат дека јавната набавка повторно ќе биде објавена во најкус можен рок и во согласност со важечките законски процедури.

    Претходно, како најповолен понудувач беше избран конзорциумот составен од унгарската компанија „Електробус – Икарус“ и австриската компанија „ЕВН“ за набавка на 150 електрични автобуси и 75 полначи.

    Според понудата, вредноста изнесувала 19,35 милиони денари, односно околу 314 илјади евра по автобус. Со договорот беше предвидено „Икарус“ да ги испорача автобусите, а „ЕВН“ да ја реализира инсталацијата на инфраструктурата за полнење.

    Планираните автобуси требаше да располагаат со моќност од најмалку 300 киловати, капацитет за минимум 66 патници и современи системи за ладење и греење. Воедно, избраниот оператор требаше да обезбеди сервисирање, редовно одржување и резервни делови во период од десет години.

    Според првичниот план, првите 30 електрични автобуси и 15 полначи требаше да бидат испорачани во рок од шест месеци по потпишувањето на договорот, додека останатите возила и станици ќе се реализираа во следните 12 и 18 месеци.

    Поврзани вести:

    РКЕ денес одлучува за новите цени на бензинот и дизелот

    РКЕ денес одлучува за новите цени на бензинот и дизелот

    УЈП почна проверки на приливите од странство за 2021 година

    УЈП почна проверки на приливите од странство за 2021 година

    „Се гледа крајот“: Николоски објави нови детали од изградбата на автопатот Охрид – Кичево

    „Се гледа крајот“: Николоски објави нови детали од изградбата на автопатот Охрид – Кичево

    МЕПСО бара зголемување на тарифата за пренос на струја за речиси 98 проценти

    МЕПСО бара зголемување на тарифата за пренос на струја за речиси 98 проценти

    УЈП: Најмладиот милионер во Македонија има 4 години, најстариот 97

    УЈП: Најмладиот милионер во Македонија има 4 години, најстариот 97

    Македонија изложена на влијанијата од глобалните цени на храната и енергенсите

    Македонија изложена на влијанијата од глобалните цени на храната и енергенсите

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    РКЕ денес одлучува за новите цени на бензинот и дизелот

    26/10/2026

    УЈП почна проверки на приливите од странство за 2021 година

    24/10/2026

    „Се гледа крајот“: Николоски објави нови детали од изградбата на автопатот Охрид – Кичево

    22/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.