Во СВР Охрид вчера било пријавено исчезнување на лице од Охрид, информира Министерството за внатрешни работи.
Според пријавата, З.С. околу 06:00 часот на 10 ноември се оддалечил од семејниот дом, по што му се губи секаква трага.
Од полицијата соопштија дека се преземаат мерки и активности за пронаоѓање на исчезнатото лице.
Надлежните апелираат сите кои имаат какви било информации што би можеле да помогнат во потрагата да ги споделат со полицијата.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
