Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Република»Исламскиот младински форум ги отфрли обвинувањата и најави тужби
    Република

    Исламскиот младински форум ги отфрли обвинувањата и најави тужби

    11/11/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Исламскиот младински форум – Скопје (ИМФ) соопшти дека категорично ги отфрла, како што наведува, сите неосновани обвинувања и поврзувања на организацијата со одлуката на Кривичниот суд на Египет, по неодамнешните медиумски објави во кои нејзиното име беше споменато во тој контекст.

    Во реакцијата, ИМФ наведува дека споменувањето во документи на странски институции не претставува правен доказ дека станува збор токму за нивната организација и дека за таква идентификација е потребна официјална документација и прецизна проверка на правниот идентитет.

    Од организацијата посочуваат дека Исламскиот младински форум – Скопје е регистрирана граѓанска организација која повеќе од 25 години работи во согласност со законите на Македонија, со активности насочени кон едукација, младински развој, култура и поддршка на образованието.

    Во соопштението се наведува и дека ИМФ реализирал проекти во партнерство со повеќе меѓународни организации и институции, меѓу кои Европската Унија, Европската комисија, ОБСЕ, како и со домашни институции на централно и локално ниво.

    Организацијата најави дека ќе иницира судски постапки и ќе бара надомест на штета од сите субјекти за кои ќе се утврди законска одговорност за, како што наведува, ширење невистинити и штетни тврдења.

    Воедно, од ИМФ апелираат до медиумите да ги проверуваат информациите пред нивното објавување и да избегнуваат непотврдени поврзувања кои, според нив, можат неправедно да му наштетат на угледот на организацијата.

    На крајот од соопштението, Исламскиот младински форум нагласува дека останува посветен на заштитата на човековите права, слободата на здружување, образованието, еманципацијата на младите и унапредувањето на меѓукултурниот дијалог.

    Поврзани вести:

    Четири малолетнички упатени во воспитен дом за насилството врз 13-годишно девојче во Ѓорче Петров

    Четири малолетнички упатени во воспитен дом за насилството врз 13-годишно девојче во Ѓорче Петров

    Родителите на загинатите во „Пулс“ реагираа по рочиштето: Доста беше корупција, привилегии и неодговорност

    Родителите на загинатите во „Пулс“ реагираа по рочиштето: Доста беше корупција, привилегии и неодговорност

    Судскиот совет го избра Субхи Јакупи за претседател на Управниот суд

    Судскиот совет го избра Субхи Јакупи за претседател на Управниот суд

    Мицкоски: Владата на СДСМ и ДУИ уште во 2023 година воспоставувала деловни односи со Алта банка

    Мицкоски: Владата на СДСМ и ДУИ уште во 2023 година воспоставувала деловни односи со Алта банка

    Продолжува судењето за „Државна лотарија“, обвинети Груби, Бајрами и уште шест лица

    Продолжува судењето за „Државна лотарија“, обвинети Груби, Бајрами и уште шест лица

    Променливо облачно време, можен слаб дожд и магла во делови од Македонија

    Променливо облачно време, можен слаб дожд и магла во делови од Македонија

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Четири малолетнички упатени во воспитен дом за насилството врз 13-годишно девојче во Ѓорче Петров

    11/11/2026

    Родителите на загинатите во „Пулс“ реагираа по рочиштето: Доста беше корупција, привилегии и неодговорност

    11/11/2026

    Судскиот совет го избра Субхи Јакупи за претседател на Управниот суд

    11/11/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.