Одделот за внатрешна контрола при МВР повело постапка против еден полицаец кој возел автомобил без да има положено за возачка. На полицаецот му е одземено оружјето и е упатен на задолжителен
психијатриски и психолошки преглед. Против него е поднесена и кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило”. Полицаецот работел во Одделот за заштита на определени личности и објекти.

