Спроведена координирана полициска акција на повеќе места низ Македонија. Во текот на ноќта помеѓу 17 и 18 декември и вчера во рамките на акцијата уапсени се 11 лица.
Јавен обвинител донесе наредба за спроведување истражна постапка против 33 лица, поради основано сомнение дека сториле кривични дела од економско-финансиска природа. Осомничените лица се товарат за кривично дело Злосторничко здружување, злоупотреба на постапка за јавен повик и перење пари.
Според наводите во наредбата за истрага, во текот на 2023 година тројца осомничени како службени лица вработени во ЕСМ Дистрибуција на топлина ДООЕЛ Скопје и четворица управители и/или сопственици на двете осомничени правни лица создале група со цел вршење кривични дела злоупотреба на постапката за јавен повик.
Со разни рејствија осомничените овозможиле правното лице од Скопје да се стекне со противправна имотна корист во вкупна вредност од 7.682.445 евра на штета на Буџетот на ЕСМ Дистрибуција.
