Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Скопје»Почна санацијата на мостот „Естакада“ во Гази Баба
    Скопје

    Почна санацијата на мостот „Естакада“ во Гази Баба

    15/06/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Градот Скопје денеска официјално го означи почетокот на санацијата на мостот „Естакада“ во општина Гази Баба, еден од најзначајните и најфреквентни сообраќајни објекти во главниот град.

    На почетокот на градежните работи присуствуваа градоначалникот на Скопје и градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски, кои истакнаа дека станува збор за долгогодишно барање на граѓаните и проект од големо значење за безбедноста и непреченото одвивање на сообраќајот.

    Мостот „Естакада“ претставува една од клучните сообраќајни врски на источниот влез и излез од градот, по која секојдневно се движат илјадници граѓани, ученици, работници и превозници.

    Со проектот е предвидена санација на пристапните рампи на површина од околу 10.000 квадратни метри. На 3.800 квадратни метри ќе се изврши целосно отстранување на постојниот коловоз и поставување на два нови асфалтни слоја, додека на самиот мост ќе биде нанесен нов асфалтен слој.

    Покрај тоа, ќе се заменат рабниците, ќе се изградат нови асфалтни тротоари, ќе се изврши чистење, санација и бојадисување на заштитната пешачка ограда, како и замена на капаците на шахтите.

    Вкупната должина на делницата што ќе биде опфатена со реконструкцијата изнесува 1,5 километри.

    Од Град Скопје посочуваат дека проектот претставува инвестиција во поголема безбедност, подобра поврзаност и поквалитетни услови за секојдневно движење на граѓаните, најавувајќи продолжување на активностите за санација и модернизација на останатите мостови и сообраќајни објекти во градот.

    Поврзани вести:

    Општина Кисела Вода ја зајакнува соработката со унгарската општина Игал

    Општина Кисела Вода ја зајакнува соработката со унгарската општина Игал

    Крводарителска акција во Општина Карпош во четврток

    Крводарителска акција во Општина Карпош во четврток

    Финансиската помош за пензионерите во Центар зголемена од 2.500 на 5.000 денари

    Финансиската помош за пензионерите во Центар зголемена од 2.500 на 5.000 денари

    Водата во Скопје е исправна и безбедна за пиење

    Водата во Скопје е исправна и безбедна за пиење

    Целосна реконструкција на улиците „Бутелска“ и „Радишанска“ со изградба на нова атмосферска канализација

    Целосна реконструкција на улиците „Бутелска“ и „Радишанска“ со изградба на нова атмосферска канализација

    Ѓорче Петров ќе ги користи искуствата на Кисела Вода за превенција од детско престапништво

    Ѓорче Петров ќе ги користи искуствата на Кисела Вода за превенција од детско престапништво

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Општина Кисела Вода ја зајакнува соработката со унгарската општина Игал

    26/10/2026

    Крводарителска акција во Општина Карпош во четврток

    26/10/2026

    Финансиската помош за пензионерите во Центар зголемена од 2.500 на 5.000 денари

    26/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.