Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Економија»Пад на цените на нафтените деривати: Дизелот поевтин за 6,5 денари
    Економија

    Пад на цените на нафтените деривати: Дизелот поевтин за 6,5 денари

    01/06/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Регулаторната комисија за енергетика донесе нова одлука за корекција на цените на горивата, со која во просек се намалуваат малопродажните цени на нафтените деривати за 3,84 проценти во однос на претходната одлука донесена на 26 мај 2026 година.

    Најголемо намалување има кај дизел горивото и екстра лесното масло за домаќинство, чии цени се намалуваат за 6,50 денари по литар. Од друга страна, бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 поскапуваат за 0,50 денари по литар. Намалување има и кај цената на мазутот, која е пониска за 3,238 денари.

    Според новата одлука, која стапува во сила од полноќ, максималната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 88 денари за литар, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава по 90 денари за литар. Цената на дизел горивото ЕУРОДИЗЕЛ БС ќе биде 85,50 денари за литар, а екстра лесното масло за домаќинство ќе чини 87,50 денари. Новата цена на мазутот ќе изнесува 47,906 денари за килограм.

    Од Регулаторната комисија посочуваат дека во пресметката е земено предвид и намалувањето на акцизите за два денари.

    Причина за корекцијата на цените е падот на референтните цени на нафтените деривати на светските пазари. Во споредба со претходната пресметка, бензините бележат намалување од 10,867 проценти, дизелот од 10,622 проценти, екстра лесното масло од 10,136 проценти, додека цената на мазутот е намалена за 8,238 проценти.

    Поврзани вести:

    РКЕ денес одлучува за новите цени на бензинот и дизелот

    РКЕ денес одлучува за новите цени на бензинот и дизелот

    УЈП почна проверки на приливите од странство за 2021 година

    УЈП почна проверки на приливите од странство за 2021 година

    „Се гледа крајот“: Николоски објави нови детали од изградбата на автопатот Охрид – Кичево

    „Се гледа крајот“: Николоски објави нови детали од изградбата на автопатот Охрид – Кичево

    МЕПСО бара зголемување на тарифата за пренос на струја за речиси 98 проценти

    МЕПСО бара зголемување на тарифата за пренос на струја за речиси 98 проценти

    УЈП: Најмладиот милионер во Македонија има 4 години, најстариот 97

    УЈП: Најмладиот милионер во Македонија има 4 години, најстариот 97

    Македонија изложена на влијанијата од глобалните цени на храната и енергенсите

    Македонија изложена на влијанијата од глобалните цени на храната и енергенсите

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    РКЕ денес одлучува за новите цени на бензинот и дизелот

    26/10/2026

    УЈП почна проверки на приливите од странство за 2021 година

    24/10/2026

    „Се гледа крајот“: Николоски објави нови детали од изградбата на автопатот Охрид – Кичево

    22/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.