Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Култура»„Ова е само крајот на светот“ – новата режија на Теа Беговска премиерно на 7 март во Драмски театар
    Култура

    „Ова е само крајот на светот“ – новата режија на Теа Беговска премиерно на 7 март во Драмски театар

    05/03/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Новата театарска премиера „Ова е само крајот на светот“, во режија на Теа Беговска, ќе биде изведена на 7 март во Драмскиот театар во Скопје, со почеток во 20 часот.

    Претставата е поставена по текст на францускиот драматург Жан-Лик Лагарс, напишан во 1995 година, а преводот и адаптацијата се дело на Беговска. Делото е познато и по филмската верзија на канадскиот режисер Ксавиер Долан, кој во 2016 година со истоимениот филм ја освои наградата Гран при на Канскиот филмски фестивал. Режисерката посочи дека при адаптацијата на сценскиот текст се водела и од филмската интерпретација на ова дело.

    Според Беговска, претставата се занимава со темата на премолчувањето и одложувањето на вистината во семејните односи. Таа нагласи дека токму недостатокот на комуникација во семејството може да доведе до сериозни последици, па затоа претставата се обидува на еден полудокументарен начин да ја доближи публиката до интимниот простор на ликовите.

    „Идејата беше гледачите да се почувствуваат како да влегуваат во домот на ова семејство и одблиску да ги доживеат нивните односи, конфликтите и премолчените вистини“, рече Беговска.

    Во актерската екипа настапуваат Стефан Вујисиќ, Биљана Драгиќевиќ-Пројковска, Александар Степанулески, Сара Климоска и Ања Митиќ.

    Сценографијата и костимографијата ги потпишува Надја Василева-Ковачовска од Бугарија, музиката е на Енес Беговски, додека мултимедијалниот дел и видеоматеријалот ги реализираа снимателот Велимир Стојановски, видеооператорот Матеј Трајковски и техничкиот координатор Михаил Узунов.

    Актерката Биљана Драгиќевиќ-Пројковска истакна дека претставата прикажува вистински семеен „ролеркостер“, во кој има многу празнини, недоречености и премолчени чувства. Според неа, станува збор за приказна која не се однесува само на едно конкретно семејство, туку на динамиките што постојат во речиси секое семејство.

    Ања Митиќ додаде дека работата на претставата била возбудлив процес, особено во делот каде што ликовите не ги изговараат директно своите чувства, туку ги комуницираат преку тишина, погледи и недоискажани мисли.

    Поврзани вести:

    Отворено 47. издание на Фестивалот „Браќа Манаки“

    Отворено 47. издание на Фестивалот „Браќа Манаки“

    Битола од вечерва е центар на филмската камера, почнува 47.  издание на Фестивалот „Браќа Манаки“

    Битола од вечерва е центар на филмската камера, почнува 47. издание на Фестивалот „Браќа Манаки“

    Почнува седмото издание на Скопскиот градски фестивал со уметници од шест земји

    Почнува седмото издание на Скопскиот градски фестивал со уметници од шест земји

    Со многубројна публика заврши четвртото издание на „Taste the South“

    Со многубројна публика заврши четвртото издание на „Taste the South“

    Скопскиот градски фестивал од 18 до 26 септември со уметници од шест земји

    Скопскиот градски фестивал од 18 до 26 септември со уметници од шест земји

    Националниот џез оркестар ја отвора новата сезона со добитниците на Греми Ден Пјугач и Никол Зураитис

    Националниот џез оркестар ја отвора новата сезона со добитниците на Греми Ден Пјугач и Никол Зураитис

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    актери гран при драмски театар кански фестивал награда претстава режија скопје сцена фестивал филм
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Германци и Турци меѓу најчестите гости во Македонија, расте интересот за земјава

    27/09/2026

    Ноќно асфалтирање на мостот „Естакада“, се санира една од најфреквентните скопски сообраќајни врски

    24/09/2026

    ЕВН најави прекини на струја: Делови од седум скопски општини денеска без електрична енергија

    24/09/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.