Со палење на фестивалскиот оган и читање на „Т’га за југ“ синоќа во Домот на поезијата во Струга беше отворено 65. издание на Струшките вечери на поезијата, една од најзначајните светски поетски манифестации.
Фестивалот го отвори претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која истакна дека поезијата и натаму има моќ да го обединува светот и да го брани човечкото достоинство. Директорот на фестивалот Никола Кукунеш предупреди на важноста од зачувување на малите јазици во дигиталната ера, нагласувајќи дека секој исчезнат јазик значи губење на единствен поглед кон светот.
Во наредните денови Струга ќе биде домаќин на поети и книжевни творци од повеќе земји, кои ќе учествуваат на бројни поетски читања, промоции и културни настани.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
