Во Казнено-поправната установа „Идризово“ бил пронајден починат осуденик, информира Министерството за внатрешни работи.
Според информациите, на 6 септември 2026 година, околу 05:00 часот, во СВР Скопје било пријавено дека во затворот е пронајдено безживотно тело на осуденик.
Станува збор за 60-годишниот Д.М. од Неготино, кој издржувал затворска казна во установата.
Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, при што не биле забележани видливи траги на насилство.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција, која треба да ги утврди точните причини за смртта.
На местото на настанот увид извршила увидна екипа на СВР Скопје.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
