Општина Илинден започна со изградба на сервисна улица „1“ во Јака. Како што наведоа во ниивната фејсбук објава, Општина Илинден продолжува со засиленото темпо на инфраструктурни проекти, а најнов проект за урбан развој е изградбата на сервисната улица „1“ во Јака, и додаваат дека овој проект претставува значаен чекор во подобрување на локалната патна мрежа.
Со изградба на коловоз во должина од 220 метри и широчина од 5 метри, како и тротоар со широчина од 1,5 метар од едната страна, се создаваат услови за безбедно и непречено движење на пешаците и возилата. Во рамки на проектот е опфатена изградба на систем за одведување на атмосферските води.
Увид во градежните активности изврши градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, кој истакна дека изградбата на оваа улица е од особена важност за жителите од овој дел на општината, при што Општина Илинден останува доследна во својата мисија да гради, реконструира и модернизира, со јасна визија за создавање безбедни, современи и урбани услови за живот.
