Општина Гази Баба овозможува младите брачни парови да може да градат куќа без да плаќаат комуналии.
– Иако првично оваа мерка беше наменета за лица до 29 години, по детална анализа и препознавање на реалните потреби на младите, границата ја зголемивме до 35 години, со цел да опфатиме повеќе семејства кои сакаат да градат сопствен дом, соопшти градоначалникот на општината Бобан Стефковски.
Според она што е соопштено, ова право може да го остварат лицата кои се жители на Општина Гази Баба, кои градат, доградуваат или надоградуваат прв дом во нивна сопственост и треба да достават изјава дека објектот ќе го користат за сопствено домување најмалку 10 години.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
