Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска ќе има прекин во снабдувањето со електрична енергија во делови од општините Арачиново и Сопиште поради планирани технички зафати на електродистрибутивната мрежа.
Во периодот од 09:00 до 13:00 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од село Арачиново, лоцирани на патот кон село Мојанце, како и жителите на селата Мојанце и Орланце.
Во истиот временски период без напојување ќе биде и објектот на пумпната станица Арачиново.
Планираниот прекин ќе опфати и дел од корисниците на улицата 12 во Горно Соње, во општина Сопиште.
Од ЕВН апелираат граѓаните да ги земат предвид планираните прекини и да ги приспособат своите активности, додека електричната енергија ќе биде повторно воспоставена по завршување на предвидените интервенции.
