Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Скопје»Ѓорѓиевски и Сулејмани разговараа за подготовките на Скопје за титулата Европска престолнина на културата 2028
    Скопје

    Ѓорѓиевски и Сулејмани разговараа за подготовките на Скопје за титулата Европска престолнина на културата 2028

    10/09/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Градоначалникот на Скопје и претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, оствари работна средба со министерот за култура и туризам, Седат Сулејмани, посветена на подготовките за проектот „Скопје 2028 – Европска престолнина на културата“.

    На средбата се разговарало за продлабочување на соработката меѓу Град Скопје и Министерството за култура и туризам, како и за активностите што треба да се реализираат во пресрет на 2028 година.

    Меѓу темите биле мапирањето на културните капацитети, развојот на туристичките потенцијали и подобрувањето на координацијата меѓу локалните и националните културни институции.

    Ѓорѓиевски истакна дека титулата „Европска престолнина на културата“ треба да донесе трајни придобивки за градот, преку обновени културни објекти, поголема поддршка за уметниците и подобра достапност на културните содржини за граѓаните.

    Во рамките на посетата, Ѓорѓиевски и Сулејмани извршија увид и во тековните градежни активности за реконструкција на Универзалната сала.

    Градоначалникот нагласи дека по завршувањето на реконструкцијата, Универзалната сала треба да биде предадена на управување на Град Скопје и повторно да стане центар на културниот живот во главниот град.

    Според него, Универзалната сала претставува еден од најпрепознатливите симболи на Скопје, место каде што со децении се создавале значајни културни настани и спомени за повеќе генерации.

    Ѓорѓиевски оцени дека со заедничка работа, јасна визија и координиран пристап се создаваат сите предуслови Скопје успешно да ја реализира програмата како Европска престолнина на културата во 2028 година и да остави трајни придобивки за градот и неговите жители.

    Поврзани вести:

    Дел од Крњево денеска без вода поради интервенција на водоводната мрежа

    Дел од Крњево денеска без вода поради интервенција на водоводната мрежа

    ЕВН најави прекини на електричната енергија во повеќе скопски населби

    ЕВН најави прекини на електричната енергија во повеќе скопски населби

    По години запуштеност, градските цвеќарници во Скопје повторно ќе оживеат

    По години запуштеност, градските цвеќарници во Скопје повторно ќе оживеат

    Ученици од скопското училиште „Браќа Миладиновци“ развиваат зелени иновации

    Ученици од скопското училиште „Браќа Миладиновци“ развиваат зелени иновации

    Во Скопје пристигна првата испорака од 3.300 нови контејнери

    Во Скопје пристигна првата испорака од 3.300 нови контејнери

    Крводарителска акција во Општина Аеродром: Хуманост што спасува животи

    Крводарителска акција во Општина Аеродром: Хуманост што спасува животи

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Дел од Крњево денеска без вода поради интервенција на водоводната мрежа

    13/10/2026

    ЕВН најави прекини на електричната енергија во повеќе скопски населби

    13/10/2026

    По години запуштеност, градските цвеќарници во Скопје повторно ќе оживеат

    10/10/2026
    Додади Коментар

    Коментарите се затворени.



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.