Во Фејсбук групата „Заедно, за заштита на зеленилото во Карпош“ е споделена објава во која се наведува дека суво дрво се скршило и сериозно оштетило возило, кое според сопственикот повеќе не е во употреблива состојба.
Во објавата, скопјанката Марија посочува дека дрво на улицата Волгоградска 4 било обележано со црвена боја и буква „С“ за сечење речиси една година, но и покрај тоа не било отстрането. Таа додава дека друго суво дрво во непосредна близина се скршило и паднало врз автомобилот на нејзиниот сосед.
„Другото до него исто суво само се скрши и оштети кола на сосед до тој степен што возилото не е за употреба. Прашањето ми е каде да се реагира што службиве спијат? Дали ќе се чека да падне само од себе врз дете или повторно врз возило“, стои во нејзината реакција.
Случајот повторно ја отвора темата за навремено отстранување на опасни и суви дрвја во урбаните средини и реакцијата на надлежните служби.
