Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Економија»Од декември построги правила за кредити: Намалени лимити за задолжување и пократки рокови за отплата
    Економија

    Од декември построги правила за кредити: Намалени лимити за задолжување и пократки рокови за отплата

    06/11/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Граѓаните од 1 декември годинава ќе имаат построги услови за земање кредити, откако Народната банка воведува нови ограничувања за кредитната задолженост и роковите за отплата. Поповолни правила ќе продолжат да важат за оние кои првпат купуваат сопствено живеалиште.

    Со новите мерки, максималниот однос меѓу вкупните месечни кредитни обврски и приходите на кредитокорисниците ќе биде намален за пет процентни поени. Кај денарските кредити границата се намалува од 50 на 45 проценти, додека кај кредитите со валутна компонента од 45 на 40 проценти.

    Тоа значи дека граѓанин со месечен приход од 60.000 денари, кој досега можел да има месечни кредитни обврски до 30.000 денари според максималниот лимит за денарски кредити, од декември ќе може да се задолжи со најмногу 27.000 денари месечна рата.

    Промени има и кај роковите за отплата на одредени кредити. Станбените кредити за купување втор или дополнителен стан ќе може да се отплаќаат најмногу 25 години, наместо досегашните 30 години.

    Кај хипотекарните потрошувачки кредити максималниот рок за отплата се скратува од 20 на 15 години.

    Пократкиот период за отплата значи дека за ист износ на кредит граѓаните ќе имаат повисоки месечни рати, доколку каматните стапки и останатите услови останат исти. Дополнително, намалените лимити за задолжување ќе влијаат и врз максималната сума што банките ќе можат да ја одобрат.

    Исклучок остануваат лицата кои за првпат решаваат станбено прашање. За нив максималниот рок за отплата и натаму ќе биде 30 години, а ќе важи и можноста за минимално сопствено учество од 10 проценти.

    За останатите купувачи на недвижности, регулаторниот минимум за сопствено учество останува 25 проценти, согласно мерките воведени во декември 2025 година.

    Поврзани вести:

    Народната банка: Исплатата во АЛТА банка тече непречено, приоритет имаат пензионерите

    Народната банка: Исплатата во АЛТА банка тече непречено, приоритет имаат пензионерите

    Елена Лука најавува голема инвестиција во Берово: Три згради, 122 станови и деловен простор

    Елена Лука најавува голема инвестиција во Берово: Три згради, 122 станови и деловен простор

    „Флајдубаи“ ја враќа линијата Скопје – Дубаи, првите летови од април 2027 година

    „Флајдубаи“ ја враќа линијата Скопје – Дубаи, првите летови од април 2027 година

    Николоски во Германија: Нови инвестиции во фокусот на средбата со Хендрик Вуст

    Николоски во Германија: Нови инвестиции во фокусот на средбата со Хендрик Вуст

    Николоски: Германските компании заинтересирани за нови инвестиции и проширување на бизнисот во Македонија

    Николоски: Германските компании заинтересирани за нови инвестиции и проширување на бизнисот во Македонија

    Мицкоски: Германскиот Телеком разгледува нови инвестиции во Македонија

    Мицкоски: Германскиот Телеком разгледува нови инвестиции во Македонија

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Народната банка: Исплатата во АЛТА банка тече непречено, приоритет имаат пензионерите

    05/11/2026

    Елена Лука најавува голема инвестиција во Берово: Три згради, 122 станови и деловен простор

    04/11/2026

    „Флајдубаи“ ја враќа линијата Скопје – Дубаи, првите летови од април 2027 година

    04/11/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.