Денеска во Македонија ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со сончеви периоди, информира Управата за хидрометеоролошки работи.
Во западните планински предели ќе има услови за појава на слаб локален дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, а долж Повардарието повремено ќе достигнува брзина и до 60 километри на час.
Утринските температури ќе се движат од 8 до 17 степени, додека дневните ќе бидат во интервал од 16 до 25 степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, свежо и ветровито. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, а температурата ќе се движи од минимални 12 до максимални 22 степени.
Според прогнозата на УХМР, до крајот на работната седмица ќе се задржи променливо облачно и свежо време, проследено со ниски утрински температури. Нов бран врнежи се очекува во петок попладне, кои ќе продолжат во текот на ноќта кон сабота. На одделни места врнежите ќе бидат пообилни.
