На денешното судско рочиште за катастрофалниот пожар во кочанската дискотека „Пулс” кое што се одржува во судницата во „Идризово” беше побарано спојување на тековната судска постапка со новиот обвинителен акт кој се отвори за 13 полицајци за истиот кривично-правен настан. Тоа го побараа повеќе адвокати.
На рочиштето се прочита и дописот од затворот во Куманово каде се даде одговор на барањето на газдата на Пулс да му го сменат затворот оти имало „нечовечко и деградирачко однесување од службените лица во затворот Куманово”.
„Извршен е разговор со Јованов, кој посочи дека нема никаква забелешка за односот од ниеден службеник. Имаше забелешка само во врска со тоа што му е сменет душекот и дека пречесто се вршат претреси. Нема услови да му се донесе специјален душек, Ве информираме дека претресите се вршат редовно и кај сите затвореници, а особено по информација дека во собите има недозволени средства, особено мобилни телефони, навеле од кумановскиот затвор

