Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Некатегоризирано»Нови лекови на позитивната листа и вработување на уште 300 специјализанти, најави министерот Алиу
    Азир Алиу, министер за здравство
    Некатегоризирано

    Нови лекови на позитивната листа и вработување на уште 300 специјализанти, најави министерот Алиу

    04/07/20255 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Комисијата за проширување на позитивната листа работи заедно со Министерство за здравство и со Фондот за здравствено осигурување и многу брзо ќе излеземе со нови лекови кои ќе бидат дел од позитивната листа, вели министерот за здравство Азир Алиу во интервју за МИА.

    Во врска со недостигот на таблетарна хормонска терапија, посочува дека во оваа фаза тоа е веќе надминато или во некој случај има промена на лекот со соодветен лек, со цел граѓаните да не останат без терапија. Истакнува дека се прават напори за промена на процесот на порано распишување тендер.

    – Сега според законите се распишува три месеци пред да заврши претходниот тендер, а правиме напори со правниците и со правниот сектор кај нас да се овозможи тој да се распише шест месеци пред завршување на договорот, бидејќи ако првиот доцни автоматски тоа ќе значи ќе има недостиг на лекови еден временски период. За да не ни се случи тоа во иднина планираме да имаме шест месеци временска рамка и ќе бидеме сигурни ако во првите три месеци заради икс причини не е завршена постапката да може таа да се отвори и да заврши навреме, вели Алиу.

    Укажувајќи на активностите за децентрализирање на онколошката терапија вели дека протоколите веќе се направени и идејата е да се дисперзираат дел од сервисите за онколошки пациенти, да се зема терапија не само на Клиниката за онкологија, туку и во неколку центри низ државата. Идеја е понатаму да се дооформи таа инфраструктура и тие апарати кои треба да се купат или да се обучи медицинскиот кадар и ценам дека ние многу брзо како Министерство за здравство ќе излеземе во јавност за да ги информираме граѓаните дека дел од пациентите кои бараат онколошки пристап ќе можат дел од процедурите да ги добијат во местото кај што живеат.

    Во врска со напорите за решавање на проблемот со недостигот од здравствени работници и медицински сестри потенцира дека за да се креира експертски профил во една област во здравството минимум треба десет години и дека затоа почнуваат да мапираат потреби, инфраструктура, човечки ресурси и капацитети во здравствениот систем на ниво на земјата.

    – Понатаму, од тие податоци кои ги црпиме од институциите ќе се креираат политики базирани на податоци на потреби. Тоа значи дека таму кај што има потреба од онколог ќе отвориме процес со кој ќе обучиме таков кадар, таму каде што ќе има потреба од кардиолог ќе направиме можност да може да креираме кардиолог. За жал, недостигот на човечки капацитети во здравството не се случува за една или две години, тие се процеси креирани политики во здравството базирани на историја, не на податоци. Затоа, ова е клучната промена којашто ја правиме – сите проекти, активности, политики коишто ќе ги креираме во здравството ќе бидат базирани на податоци на потреби, истакнува Алиу.

    Нагласувајќи дека дигитализацијата е еден од клучните елементи, не само во здравството наведува дека ако има дигитален процес, ако се знае тој процес, од моментот кога вие веќе ќе имате термин кај доктор, вие ќе знаете кога да одите, на кој шалтер да одите, и како да се процесуира до крај, како да платите и како да добиете резултат.

    -Значи, гледате колку едноставно еден процес може да се оптимизира од временска гледна точка преку дигитални автоматизирани процеси. Во таа насока, паралелно креираме база на податоци со наши доктори кои живеат надвор од државата, кои ќе придонесуваат за намалување на таа временска рамка на чекање за добивање резултат, вели Алиу.

    Посочува дека се планираат активности за инфраструктурно и кадровско зајакнување и опремување на болниците во другите градови во државата, со цел растоварување на клиниките во Скопје и најави дека ќе има национална програма за обука на докторите, на медицинските сестри и тоа е еден од приоритетите, бидејќи со добро обучен кадар ќе можат да се нудат сервиси кои граѓаните ги бараат, а тие да бидат квалитетни и во согласност со европските стандарди.

    – Значи, во Штип ќе има реконструкција и градба на Медицинскиот факултет, но исто така и за студентскиот дом, инфраструктурно уредување на просторот. Истото ќе се случи со Тетово, додека во Кичево ќе има нова градба, посочува Алиу.

    Во врска со тоа дали има најава за вработување здравствен кадар истакнува дека биле вработени 300 специјализанти и дека ќе бидат вработени уште 300.

    Една од можностите за да стигнеме побрзо до здравство по европски стандарди е да ги фокусираме сервисите во регионални центри, со тоа ќе придонесеме кон инвестирање во тие центри, да бидат со соодветна технологија, инфраструктура и кадар, со цел да имаме европски здравствен систем. Од друга страна, не може да очекуваме дека за една, две до три години ние ќе имаме такво здравство. Причините за недостиг на човечки ресурси не се од денес, туку од пред десет, петнаесет, дваесет години, кога се креирало здравство базирано на политики и на историја, а не на податоци и на потреби. Тоа нема да го дозволиме, понатаму сите политики ќе бидат базирани на податоци и потреби, со цел такво здравство да имаме во иднина, додава Алиу

    Поврзани вести:

    СЗО предупредува: Пушењето негативно влијае врз плодноста и кај мажите и кај жените

    СЗО предупредува: Пушењето негативно влијае врз плодноста и кај мажите и кај жените

    Гаши со катарскиот министер за труд за нови можности за соработка меѓу двете држави

    Гаши со катарскиот министер за труд за нови можности за соработка меѓу двете држави

    Љупче Дориев не запира: Гол, асистенција и ново големо признание

    Љупче Дориев не запира: Гол, асистенција и ново големо признание

    Марта Кос ја откажа посетата на Србија поради величењето на Ратко Младиќ

    Марта Кос ја откажа посетата на Србија поради величењето на Ратко Младиќ

    Карпош ќе доделува стипендии за талентирани млади спортисти

    Карпош ќе доделува стипендии за талентирани млади спортисти

    Советот на Град Скопје го усвои ребалансот на буџетот, повеќе средства за капитални проекти и поддршка на граѓаните

    Советот на Град Скопје го усвои ребалансот на буџетот, повеќе средства за капитални проекти и поддршка на граѓаните

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    здравство лекови министер
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    СЗО предупредува: Пушењето негативно влијае врз плодноста и кај мажите и кај жените

    08/09/2026

    Гаши со катарскиот министер за труд за нови можности за соработка меѓу двете држави

    07/09/2026

    Љупче Дориев не запира: Гол, асистенција и ново големо признание

    06/09/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.