Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Некатегоризирано»Нема пријави за нерегуларности при гласањето: Прифатени се 4 приговори за гласачко право, одбиени се 3
    Некатегоризирано

    Нема пријави за нерегуларности при гласањето: Прифатени се 4 приговори за гласачко право, одбиени се 3

    01/11/20252 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Државната изборна комисија (ДИК) информира дека денешното гласање на болни и изнемоштени лица и затвореници се одвива непречено, без пријавени потешкотии, проблеми или поплаки.

    – Се спроведува гласањето, навреме е започанто, немаме никаков проблем ниту со изборен материјал и изборни органи, немаме никакви забелешка, приговор, поплака или други информации. Надлежни овластени лица претпладнево беа на терен на одредени општински изборни комисии – информираше Борис Кондарко, претседател на ДИК на продолжението на 151. седница.

    Дополни дека гласовите од денешното гласање нема да се бројат одделно, туку ќе бидат запечатени и приклучени кон утрешното гласање, по што ќе се објават како дел од вкупните резултати. Воедно, најави дополнително соопштение за денешниот одѕив по завршување на гласањето.

    Во рамки на продолжението на 151. седница, ДИК разгледа и неколку приговори за остварување на избирачко право. Четири приговори беа усвоени, со што на пријавителите кои не биле евидентирани во соодветните избирачки списоци им се признава правото на глас, бидејќи ги исполнуваат законските услови. Од друга страна, 3 приговори беа одбиени како неосновани поради тоа што лицата или веќе се запишани во избирачкиот список, или немаат живеалиште на територијата на државата.

    Во однос на набљудувањето на изборниот процес, ДИК потврди дека се акредитирани вкупно 1.622 набљудувачи, од кои 957 домашни, 651 меѓународни и 14 странски новинари.

    Своето избирачко право денеска го остваруваат 4.826 болни или немоќни лица, 1.256 лица во 14 казнено-поправни установи и 214 лица сместени во 13 центри за вонсемејна грижа.

    Во вториот круг од локалните избори 2025 утре се гласа за градоначалници во 32 општини и во Градот Скопје, како и на три избирачки места во Шуто Оризари за советници.

    Право на глас имаат 1.013.375 граѓани.

    Поврзани вести:

    Промовирана ЕкоСкопје – паметна еко-платформа создадена од млади за пријавување еколошки проблеми

    Промовирана ЕкоСкопје – паметна еко-платформа создадена од млади за пријавување еколошки проблеми

    Македонија реагира: Изјавите на бугарски функционери се навредливи и провокативни

    Македонија реагира: Изјавите на бугарски функционери се навредливи и провокативни

    Запленети осум тони небезбедна храна, АХВ најавува двојно повисоки казни за прекршителите

    Запленети осум тони небезбедна храна, АХВ најавува двојно повисоки казни за прекршителите

    Ви пишува, па исчезнува? Експертите предупредуваат на феноменот „breadcrumbing“

    Ви пишува, па исчезнува? Експертите предупредуваат на феноменот „breadcrumbing“

    Тензии во Тирана: Продолжија судирите меѓу демонстрантите и полицијата, има приведени

    Тензии во Тирана: Продолжија судирите меѓу демонстрантите и полицијата, има приведени

    Ѓорѓиевски објави фотографија со Мицкоски: Работиме и за празник

    Ѓорѓиевски објави фотографија со Мицкоски: Работиме и за празник

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Промовирана ЕкоСкопје – паметна еко-платформа создадена од млади за пријавување еколошки проблеми

    20/10/2026

    Македонија реагира: Изјавите на бугарски функционери се навредливи и провокативни

    19/10/2026

    Запленети осум тони небезбедна храна, АХВ најавува двојно повисоки казни за прекршителите

    16/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.