Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Економија»Недостигот од работна сила отвора можност за ангажман на пензионери
    Економија

    Недостигот од работна сила отвора можност за ангажман на пензионери

    18/06/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Пензионерите кои се во добра здравствена состојба и сакаат да останат активни на пазарот на трудот треба да добијат законска можност за вработување, особено во приватниот сектор, смета директорот на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, Никола Мемов.

    На тркалезната маса посветена на недостигот од работна сила и можностите за активно стареење, Мемов истакна дека пазарот на трудот има потреба од искусни кадри и дека пензионерите можат значително да придонесат во повеќе дејности, вклучително и во секторот на приватното обезбедување.

    Тој нагласи дека Фондот за ПИОМ не носи политики, но преку своите анализи и искуства може да предложи решенија кои би помогнале во надминување на недостигот од работна сила.

    Според Мемов, овозможувањето работа за пензионерите би донело придобивки и за работодавците, и за државата, но и за самите пензионери. Работодавците би добиле квалификуван кадар, државата дополнителни приходи од придонеси и даноци, а пензионерите можност истовремено да примаат пензија и плата.

    Професорот Лазар Јовевски оцени дека недостигот на работна сила е едно од клучните прашања за идниот развој на државата. Според него, решението може да се бара преку увоз на работна сила или преку подобро искористување на домашните човечки ресурси.

    Претседателката на Комората за приватно обезбедување, Верица Милеска-Стефановска, посочи дека секторот веќе подолг период се соочува со сериозен недостиг на работници и потсети дека во повеќе земји од регионот пензионерите можат да работат без да го изгубат правото на пензија.

    Учесниците на настанот се согласија дека се потребни законски измени кои ќе овозможат поголемо вклучување на пензионерите на пазарот на трудот и ќе помогнат во надминување на недостигот од кадар во приватниот сектор.

    Поврзани вести:

    РКЕ денес одлучува за новите цени на бензинот и дизелот

    РКЕ денес одлучува за новите цени на бензинот и дизелот

    УЈП почна проверки на приливите од странство за 2021 година

    УЈП почна проверки на приливите од странство за 2021 година

    „Се гледа крајот“: Николоски објави нови детали од изградбата на автопатот Охрид – Кичево

    „Се гледа крајот“: Николоски објави нови детали од изградбата на автопатот Охрид – Кичево

    МЕПСО бара зголемување на тарифата за пренос на струја за речиси 98 проценти

    МЕПСО бара зголемување на тарифата за пренос на струја за речиси 98 проценти

    УЈП: Најмладиот милионер во Македонија има 4 години, најстариот 97

    УЈП: Најмладиот милионер во Македонија има 4 години, најстариот 97

    Македонија изложена на влијанијата од глобалните цени на храната и енергенсите

    Македонија изложена на влијанијата од глобалните цени на храната и енергенсите

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    РКЕ денес одлучува за новите цени на бензинот и дизелот

    26/10/2026

    УЈП почна проверки на приливите од странство за 2021 година

    24/10/2026

    „Се гледа крајот“: Николоски објави нови детали од изградбата на автопатот Охрид – Кичево

    22/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.