Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Култура»Влатко Стефановски, доби награда за траен придонес во регионалната музика во Хрватска
    Култура

    Влатко Стефановски, доби награда за траен придонес во регионалната музика во Хрватска

    30/01/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Македонскиот гитарист Влатко Стефановски е добитник на престижната хрватска музичка награда Порин за особен придонес во музиката, која ќе му биде врачена на 33. доделување на наградите, на 27 март во салата „Грипе“ во Сплит.

    Од издавачката куќа Croatia Records, соработник на Стефановски, велат дека признанието е доделено за неговиот исклучителен уметнички опус кој оставил длабок траг врз регионалната музичка сцена, вклучително и врз хрватскиот културен простор.

    Стефановски е уметник чие творештво ги надминува границите на една средина. Неговиот музички јазик, авторитет и креативна доследност оставија силен белег низ бројни соработки, при што Хрватска зазема посебно место“, наведуваат од издавачката куќа.

    Во текот на својата повеќедецениска кариера, Стефановски изгради автентичен и лесно препознатлив музички израз во кој се испреплетуваат етно-џезот, инструменталниот рок, џез-фјужн и блузот, силно проткаени со традиционалните македонски ритми. Токму овој уникатен спој го позиционираше како симбол на македонската музичка култура и еден од најценетите гитаристи на меѓународната сцена.

    Од „Croatia Records“ посочуваат дека доделувањето на наградата има и симболична димензија, бидејќи следува по објавувањето на албумот на кој Стефановски изведува десет евергрини на хрватскиот хитмејкер Ѓорѓе Новковиќ, снимени во соработка со Лондонска филхармонија.

    Наградата „Порин“ за особен придонес во музиката досега ја добиле и светски музички имиња како The Rolling Stones, Pink Floyd, Robbie Williams, Горан Бреговиќ и Eric Clapton, што дополнително ја нагласува тежината на признанието.

    Поврзани вести:

    Весна Димитровска прогласена за најдобра актерка на меѓународен фестивал во Италија

    Весна Димитровска прогласена за најдобра актерка на меѓународен фестивал во Италија

    Вечерва во Битола се затвора јубилејното 35. издание на „Интерфест“

    Вечерва во Битола се затвора јубилејното 35. издание на „Интерфест“

    Билјана С. Црвенковска гостува на „Денови на македонската поезија“ во Гетеборг

    Билјана С. Црвенковска гостува на „Денови на македонската поезија“ во Гетеборг

    Отворено 47. издание на Фестивалот „Браќа Манаки“

    Отворено 47. издание на Фестивалот „Браќа Манаки“

    Битола од вечерва е центар на филмската камера, почнува 47.  издание на Фестивалот „Браќа Манаки“

    Битола од вечерва е центар на филмската камера, почнува 47. издание на Фестивалот „Браќа Манаки“

    Почнува седмото издание на Скопскиот градски фестивал со уметници од шест земји

    Почнува седмото издание на Скопскиот градски фестивал со уметници од шест земји

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Весна Димитровска прогласена за најдобра актерка на меѓународен фестивал во Италија

    16/10/2026

    Вечерва во Битола се затвора јубилејното 35. издание на „Интерфест“

    10/10/2026

    Билјана С. Црвенковска гостува на „Денови на македонската поезија“ во Гетеборг

    05/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.