Змјотрес со јачина 6,9 степени според Рихтер го погоди централниот дел на Филипините, особено провинцијата Себу, предизвикувајќи урнување згради, прекини на електричната енергија и сериозни штети на инфраструктурата.
Според официјални извори, бројот на загинати се искачи на 69 лица, а повеќе од 150 се повредени. Притоа, најтешко погоден е градот Бого, кој се наоѓа близу епицентарот, каде што болниците се пренатрупани и кога спасиоците копаат меѓу урнатините со надеж дека ќе пронајдат преживеани.
За да се убрза реакцијата и обезбеди помош, во општина Сан Ремиџио беше прогласена состојба на катастрофа. Државните власти соопштија дека работат на враќање на струјата и водоснабдувањето, како и на достава на хуманитарна помош до евакуираните лица.
Ситуацијата е динамична и бројот на жртви може да варира додека спасувачките напори продолжуваат.
