Најмалку 16 лица се повредени во голем напад со украински беспилотни летала врз Московскиот регион, соопшти гувернерот Андреј Воробјов.
Според него, повеќе од 200 дронови ја нападнале Москва и околните области, при што повторно била цел и Московската рафинерија за нафта.
Нападот предизвикал пожари и сериозни нарушувања во воздушниот сообраќај, поради што биле откажани над 170 летови, а повеќе од 110 биле одложени.
Руските медиуми наведуваат дека станува збор за еден од најголемите напади врз Московскиот регион во последните две години.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
