Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Некатегоризирано»МВР демантира дека набавува софтвер за прислушкување, туку стандардна форензичка опрема
    Некатегоризирано

    МВР демантира дека набавува софтвер за прислушкување, туку стандардна форензичка опрема

    08/06/20252 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Министерството за внатрешни работи денеска ги отфрли како „невистинити и неосновани“ тврдењата на СДСМ дека институцијата набавила софтвер за шпионажа и прислушкување. Во демантот, испратен до јавноста од Секторот за односи со јавност и протокол, се наведува дека станува збор за редовно обновување на лиценци за дигитална форензичка опрема, која се користи веќе повеќе од една деценија.

    Според МВР, лиценците се за софтвер наменет за екстракција и анализа на податоци од мобилни телефони и други електронски уреди, исклучиво во контекст на истраги што се водат со судски налози и во согласност со законските процедури.

    -Овие алатки не овозможуваат и не се користат за прислушкување, туку претставуваат стандардна опрема за дигитална форензика, каква што се користи и од други безбедносни институции ширум светот, се вели во соопштението.

    Министерството дополнително потсетува дека истиот тип софтвер бил набавен и во 2021 година, кога МВР било раководено од министер од редовите на СДСМ, што, според институцијата, „само ја нагласува противречноста“ на сегашните обвинувања од истата партија.

    -Набавката е спроведена транспарентно и согласно со Законот за јавни набавки и има единствена цел – да го засили капацитетот на Одделот за форензички испитувања во откривање и докажување на кривични дела, наведуваат од МВР.

    Во завршницата од демантот, Министерството апелира до политичките субјекти да се воздржат од пласирање дезинформации што, како што се наведува, ја поткопуваат довербата во институциите. „Борбата против криминалот мора да биде заеднички приоритет, а не повод за политички конструкции што одговараат само на оние кои се плашат од функционални институции и владеење на правото“, се заклучува во соопштението.

    Поврзани вести:

    Промовирана ЕкоСкопје – паметна еко-платформа создадена од млади за пријавување еколошки проблеми

    Промовирана ЕкоСкопје – паметна еко-платформа создадена од млади за пријавување еколошки проблеми

    Македонија реагира: Изјавите на бугарски функционери се навредливи и провокативни

    Македонија реагира: Изјавите на бугарски функционери се навредливи и провокативни

    Запленети осум тони небезбедна храна, АХВ најавува двојно повисоки казни за прекршителите

    Запленети осум тони небезбедна храна, АХВ најавува двојно повисоки казни за прекршителите

    Ви пишува, па исчезнува? Експертите предупредуваат на феноменот „breadcrumbing“

    Ви пишува, па исчезнува? Експертите предупредуваат на феноменот „breadcrumbing“

    Тензии во Тирана: Продолжија судирите меѓу демонстрантите и полицијата, има приведени

    Тензии во Тирана: Продолжија судирите меѓу демонстрантите и полицијата, има приведени

    Ѓорѓиевски објави фотографија со Мицкоски: Работиме и за празник

    Ѓорѓиевски објави фотографија со Мицкоски: Работиме и за празник

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Промовирана ЕкоСкопје – паметна еко-платформа создадена од млади за пријавување еколошки проблеми

    20/10/2026

    Македонија реагира: Изјавите на бугарски функционери се навредливи и провокативни

    19/10/2026

    Запленети осум тони небезбедна храна, АХВ најавува двојно повисоки казни за прекршителите

    16/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.