Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Home » МОН го објави конкурсот за прием на студенти во студентските домови
    Некатегоризирано

    МОН го објави конкурсот за прием на студенти во студентските домови

    15/07/20251 Min Прочитај
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Министерството за образование и наука го објави Конкурсот за прием на студенти запишани на додипломски студии во државните и приватните студентски домови во Македонија за студиската 2025/2026 година.

    Има вкупно 4.264 слободни места во сите студентски домови во земјата, од кои 851 се предвидени за студенти од прва година, а 3.413 за преостанатите.

    Најголем број студенти е предвидено да се сместат во студентскиот дом „Гоце Делчев“ во Скопје, каде што има 1.212 легла, од кои 242 се за бруцоши, а преостанатите за студентите од повисоките студиски години.

    Втор е домот „Пелагонија“ во Скопје, каде што има 997 слободни места, а по него следува „Кочо Рацин“ во Битола со 385 слободни места итн.

    Кога се аплицира?

    Студентите кои се пријавуваат на конкурсот треба да пополнат електронска пријава и да ја прикачат соодветната документација на интернет порталот e-uslugi.mon.gov.mk. Студентите може да конкурираат за прием само за еден студентски дом.

    Рокот за пријавување на студентите од II година и повисоките години почнува од 15.7.2025 година и трае до 31.7.2025 година.

    Рокот за пријавување на студентите од I година почнува од 10.9.2025 година и трае до 17.9.2025 година.

    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Од полноќ нови намалени цени на горивата

    14/04/2026

    Светски ден на здравјето: бесплатни превентивни прегледи пред Здравствен дом „Железничар“

    07/04/2026

    Кисела Вода со нова програма за спречување на насилство

    06/04/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
      Прва Скопска ТВ
      Facebook Instagram YouTube
      • За нас
      • Импресум
      • Контакт
      • Програмска шема
      © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

      Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

      Исклучете AdBlock за пристап до вестите
      Исклучете AdBlock за пристап до вестите
      За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.