Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Култура»„Мизар“ со ексклузивен „best of“ концерт во Филхармонија
    Култура

    „Мизар“ со ексклузивен „best of“ концерт во Филхармонија

    05/03/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Легендарниот македонски бенд „Мизар“ на 3 април ќе одржи посебен концерт во Македонската филхармонија, најавен како интимна вечер со внимателно избрана „best of“ програма. Настанот ќе биде посветен на богатото музичко наследство на бендот, кој со децении има значајно место во македонската алтернативна сцена.

    Публиката ќе има можност да слушне песни од различни периоди од кариерата на „Мизар“. На програмата ќе се најдат композиции од албумите „Мизар“, „Кобна убавина“, „Svjat Dreams“, „Детето и белото море“, „Поглед кон цветната градина“, „Вечна празнина“ и други препознатливи дела од нивниот опус.

    Основан во Скопје во почетокот на 80-тите години, „Мизар“ создаде специфичен звук во кој се преплетуваат пост-панк и дарквејв естетика со елементи од македонската духовна и традиционална музика. Токму таа комбинација го изгради нивниот препознатлив стил и култен статус во македонската и регионалната музичка култура.

    На сцената ќе им се придружат и гости – музичари кои низ годините биле дел од приказната на „Мизар“ и оставиле свој белег во развојот на бендот.

    Во меѓувреме, бендот е актуелен со новата песна „Вардар е Стикс“. Новиот вокал на „Мизар“, Нико Ѓорѓиевски – музичар, композитор и продуцент од Битола со класично музичко образование и долгогодишно искуство во различни музички проекти – е автор на текстот и продуцент на песната. Музиката е на Горазд Чаповски, а аранжманот го работеа Чаповски и Ѓорѓиевски. Со приклучувањето кон „Мизар“, Ѓорѓиевски внесува нова свежина и современа енергија во звукот на бендот.

    Влезниците за концертот ќе бидат пуштени во продажба од четврток (5 март) во 10 часот, онлајн преку avalonbooking.mk и во продажната мрежа на karti.com.mk. Цените се 1.200 и 1.500 денари.

    Поврзани вести:

    Весна Димитровска прогласена за најдобра актерка на меѓународен фестивал во Италија

    Весна Димитровска прогласена за најдобра актерка на меѓународен фестивал во Италија

    Вечерва во Битола се затвора јубилејното 35. издание на „Интерфест“

    Вечерва во Битола се затвора јубилејното 35. издание на „Интерфест“

    Билјана С. Црвенковска гостува на „Денови на македонската поезија“ во Гетеборг

    Билјана С. Црвенковска гостува на „Денови на македонската поезија“ во Гетеборг

    Отворено 47. издание на Фестивалот „Браќа Манаки“

    Отворено 47. издание на Фестивалот „Браќа Манаки“

    Битола од вечерва е центар на филмската камера, почнува 47.  издание на Фестивалот „Браќа Манаки“

    Битола од вечерва е центар на филмската камера, почнува 47. издание на Фестивалот „Браќа Манаки“

    Почнува седмото издание на Скопскиот градски фестивал со уметници од шест земји

    Почнува седмото издание на Скопскиот градски фестивал со уметници од шест земји

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    бенд мизар музика пејач филхармонија
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Весна Димитровска прогласена за најдобра актерка на меѓународен фестивал во Италија

    16/10/2026

    Вечерва во Битола се затвора јубилејното 35. издание на „Интерфест“

    10/10/2026

    Билјана С. Црвенковска гостува на „Денови на македонската поезија“ во Гетеборг

    05/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.