Првиот заменик-претседател на Владата на Република Северна Македонија и министер за европски прашања, Беким Сали, учествуваше на самитот во Давос и на Средбата на лидерите 2026, како значајна платформа за глобален дијалог и меѓународна соработка.
Од Кабинетот на министерот информираат дека Сали учествувал на два тематски панела. На панелот „Клима, конфликти и грижа“ биле истакнати важноста на дијалогот, како и регионалната и меѓународната соработка во услови на глобални кризи. На вториот панел, „Балканот – историја, стабилност и иднина“, фокусот бил ставен на регионалните предизвици, процесот на европска интеграција и економскиот развој како клучни столбови за мир и долгорочна стабилност.
За време на престојот во Давос, Сали остварил низа средби со политички претставници, бизнис-лидери и претставници на меѓународни медиуми, при што биле разгледувани можностите за соработка, нови партнерства и политичките и економските перспективи на регионот, со посебен акцент на Северна Македонија.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
