Премиерот Христијан Мицкоски е оптимист дека Владата ќе ги испорача сите десет точки од реформската агенда кои се во грејс период, а еден или два чекори, според него, зависат од учеството на опозицијата, а тоа е Изборниот законик.
– Се надевам дека таму разумот ќе преовладее, дека ќе се вратат во работната група и ќе го усвоиме сите заедно овој реформски закон. Затоа што реформите не се само промени на Уставот.
Јас го разбирам ова меко ткиво на македонскиот идентитет во СДСМ, кое во моментот е раководство на СДСМ, и дека најлесно им е да коленичат наместо да работат. Но, реформите се доказ дали сте за Европа, не е само Бугари во Уставот, туку има уште многу посуштински работи што треба да ги завршиме.
А ние сме фокусирани на суштинските работи, а тие нека коленичат онаму каде што коленичат – рече Мицкоски.
