Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Република»Морбилите се враќаат: Лекарите предупредуваат по зголемениот број невакцинирани деца
    Република

    Морбилите се враќаат: Лекарите предупредуваат по зголемениот број невакцинирани деца

    08/11/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    По потврдените случаи на морбили во Македонија, здравствените работници предупредуваат на зголемена внимателност, особено поради бројот на деца со висока температура кои побарале лекарска помош, а не се вакцинирани со МРП вакцина.

    Во текот на ноќната смена во дежурниот пункт во Поликлиниката „Бит Пазар“ биле прегледани околу 30 деца со покачена телесна температура. Според лекарите, најголем дел од нив не биле имунизирани, а станува збор главно за деца кои посетуваат градинки.

    Докторката Каролина Ристова Стефанова предупреди дека состојбата е сериозна поради одложувањето на вакцинацијата од страна на дел од родителите. Таа посочи дека сите деца кои биле прегледани во нејзината смена имале висока температура и ниту едно од нив немало примено МРП вакцина.

    Според лекарите, родителите често наведуваат дека имаат намера да ги вакцинираат децата, но терминот за имунизација постојано се одложува.

    Морбилите се едно од најзаразните вирусни заболувања, а симптомите најчесто започнуваат со висока температура, поспаност, воспалено грло, црвенило на очите, течење на нос и појава на карактеристичен осип на кожата.

    Здравствените работници предупредуваат и на ризикот од ширење на инфекцијата во чекалниците, бидејќи вирусот на морбили може да остане во воздухот и до два часа по напуштањето на просторијата од заразено лице.

    Поради тоа, лекарите им препорачуваат на родителите кои се сомневаат дека нивното дете има симптоми на морбили прво телефонски да го контактираат матичниот лекар, наместо веднаш да посетат здравствена установа.

    Од здравствените институции апелираат родителите да ги проверат вакциналните картони и да ги вакцинираат децата кои ја немаат примено МРП вакцината според календарот за имунизација.

    Во меѓувреме, надлежните ја следат епидемиолошката состојба и ја разгледуваат можноста за дополнителни мерки, меѓу кои и определување посебна здравствена установа за хоспитализација на деца заболени од морбили.

    Последните денови е забележан и зголемен интерес за вакцинација, особено кај учениците кои треба да ја примат втората доза од МРП вакцината.

    Лекарите потсетуваат и на епидемијата од 2019 година, кога беа регистрирани околу 2.000 заболени деца и четири смртни случаи, нагласувајќи дека навремената вакцинација останува најважна мерка за спречување на ширењето на болеста.

    Поврзани вести:

    Сиљановска-Давкова упати сочувство до Полска по нападот во Краков

    Сиљановска-Давкова упати сочувство до Полска по нападот во Краков

    Филков: Извештајот на ЕК потврда дека реформите во правосудството дале резултат

    Филков: Извештајот на ЕК потврда дека реформите во правосудството дале резултат

    Денес сончево, од вечерва можен локален дожд

    Денес сончево, од вечерва можен локален дожд

    Нов закон и стратегија за дроги според правилата на Европската Унија

    Нов закон и стратегија за дроги според правилата на Европската Унија

    Мицкоски: Продолжуваме со реформите важни за економскиот развој и подобар животен стандард

    Мицкоски: Продолжуваме со реформите важни за економскиот развој и подобар животен стандард

    ЕУ ни даде „добар напредок“ за дигитализацијата, истакна Андоновски

    ЕУ ни даде „добар напредок“ за дигитализацијата, истакна Андоновски

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Сиљановска-Давкова упати сочувство до Полска по нападот во Краков

    08/11/2026

    Филков: Извештајот на ЕК потврда дека реформите во правосудството дале резултат

    08/11/2026

    Денес сончево, од вечерва можен локален дожд

    08/11/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.