Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    E-Market
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Home » Мицкоски: Со перо, со збор и со клетва, се создаде Организацијата што ќе стане симбол на македонскиот непокор
    Политика

    Мицкоски: Со перо, со збор и со клетва, се создаде Организацијата што ќе стане симбол на македонскиот непокор

    23/10/20252 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    „Секој народ се изроди низ борба, откажувања, безброј жртви и силна вера и копнеж за својата слобода. Нашиот, иако по бројност мал, веројатно ја има најживописната борба за слобода, која нè учи дека нема невозможни работи и дека борбата за слобода е еден трнлив пат, испишан со крв и страдања, една голема и долга низа на востанија, на човечки приказни за храброст, за мудрост, но и на предавства, завери, меѓусебни и надворешни борби“, кажа денеска премиерот Христијан Мицкоски, во обраќањето на свечената академија „Од идеја до држава“ ,по повод Денот на македонската револуционерна борба – 23 Октомври.
    „На денешен ден се роди организацијата што потоа ги одбележа сите буни и востанија, која чекореше паралелно со Македонија низ нејзиното создавање. И тој сон за слобода, таа мајка на борбата на нашиот народ – ВМРО – му припаѓа на секој еден кој ја сака и почитува нашата борба, во чие срце пламти зборот Македонија. На 23 октомври 1893 година се создаде Внатрешната македонска револуционерна организација – идеја што ја надживеа својата епоха, луѓето и сите граници, истакна Мицкоски.
    Тој кажа дека од таа скромна соба, со само неколку раце и многу срца, започна големата приказна за македонската борба и, како што рече, тие млади револуционери не беа генерали, не беа владетели, туку обични луѓе кои одбраа нешто повисоко од животот – да ѝ дадат иднина на татковината.
    „Со перо, со збор и со клетва, тие ја создадоа организацијата што ќе стане симбол на непокорот, на саможртвата и на вечниот стремеж кон слобода. Од таа искра во Солун се разгоре огнот на Илинден, се зацврсти духот на Крушево, се роди државноста во АСНОМ, се испиша современата историја на македонскиот народ, рече премиерот.
    Мицкоски посочи дека секојпат кога пред нас стоеле темни времиња, кога се чинело дека Македонија ќе биде избришана, токму духот на ВМРО го чувал името, верата и достоинството на овој народ.
    -Затоа, 23 Октомври не е само датум – тоа е завет. Завет дека Македонија никогаш нема да биде ничија туѓа мисла, туку вечен порив за слобода, правда и иднина. И додека го чествуваме овој ден, се поклонуваме не само пред храброста на тие први борци, туку и пред идејата која и денес нè повикува – да бидеме достојни наследници на нивната верба и нивниот сон, истакна тој.

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

    Поврзани вести:

    ДУИ да побара екстрадиција на Артан Груби ако е сериозна за борба против корупцијата, побараа од ВЛЕН

    ДУИ да побара екстрадиција на Артан Груби ако е сериозна за борба против корупцијата, побараа од ВЛЕН

    Заев и Филипче доделиле лиценца на фирма за производство на канабис од која се запленети 30 тони марихуана, велат од ВМРО-ДПМНЕ

    Заев и Филипче доделиле лиценца на фирма за производство на канабис од која се запленети 30 тони марихуана, велат од ВМРО-ДПМНЕ

    Како 5 тони дрога ја поминале границата и кој дозволил „40 фудбалски стадиони“ марихуана, прашува СДСМ

    Како 5 тони дрога ја поминале границата и кој дозволил „40 фудбалски стадиони“ марихуана, прашува СДСМ

    Во Собранието јавна расправа за употребата на вештачка интелигенција во јавниот сектор

    Во Собранието јавна расправа за употребата на вештачка интелигенција во јавниот сектор

    Мицкоски од Минхен: На Македонија и треба заслужена и предвидлива европска иднина

    Мицкоски од Минхен: На Македонија и треба заслужена и предвидлива европска иднина

    Муцунски: За 20 месеци направивме клучни исчекори во надворешната политика

    Муцунски: За 20 месеци направивме клучни исчекори во надворешната политика

    ден на вмро Мицкоски свечена академија
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    ДУИ да побара екстрадиција на Артан Груби ако е сериозна за борба против корупцијата, побараа од ВЛЕН

    16/02/2026

    Заев и Филипче доделиле лиценца на фирма за производство на канабис од која се запленети 30 тони марихуана, велат од ВМРО-ДПМНЕ

    16/02/2026

    Како 5 тони дрога ја поминале границата и кој дозволил „40 фудбалски стадиони“ марихуана, прашува СДСМ

    16/02/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор

    НАЈНОВИ ВЕСТИ
      Jumbo Маркети

      Jumbo Маркети
      Прва Скопска ТВ
      Facebook Instagram YouTube
      • За нас
      • Импресум
      • Контакт
      • Програмска шема
      © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

      Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.