Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Политика»Мицкоски: Сите сакаме во ЕУ, но, не по секоја цена
    Политика

    Мицкоски: Сите сакаме во ЕУ, но, не по секоја цена

    17/07/20254 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека е подготвен заедно со Бугарија, преку  бугарските пратеници во Европскиот парламент, да поднесе резолуција во која, рече, „јасно ќе стои македонскиот многувековен посебен идентитет и јазик … и да почнеме да испорачуваме“.

    Според него, предлозите „сегашен“ и „модерен“ не се ништо освен асимилација.

    -Ако е цената асимилација, не фала, не сакам. Како да бидам политички аналфабет, како некој пред мене, и да прифатам нешто без да знам дека на крајот ќе има јасен крај. Како ќе излезам пред граѓаните? Јас не сакам да ја платам таа цена, мислам дека е преголема, без да има испорака од двете страни. Јас сум политичар со легитимитет добиен од граѓаните … Сите сме за ЕУ и сите сакаме да бидеме во ЕУ, но не по секоја цена. Овој народ и оваа држава дала премногу како никој друг и на граѓаните им е преку глава од таков тип политика „сега или никогаш“ … Се менува нашиот идентитет, од знамето до името, тоа е дел од основните темелни вредности на еден идентитет, атрибути коишто го дефинираат еден идентитет. Една по една, се менуваат,  рече Мицкоски во емисијата „Само интервју“ на ТВ Канал 5.

    Како што рече, првпат во извештајот на ЕП „се најде македонскиот идентитет и јазик, никогаш досега не се случило откако се објавувале извештаите за напредок на државата“.

    Според него, не е суштина вметнувањето неколку стотици граѓани во Уставот и дека во многу посети негови во Брисел, и во поранешниот и сегашниот состав во  телата на ЕУ, се обидувал, рече, да им ја престави суштината на проблемот и дека тој трае со децении.

    -Секогаш сум им велел да направивме елементарен чекор – да се обидеме во Европарламентот  со мнозинство гласови да донесе одлука или резолуција, или ќе биде дел од извештај, со кој јасно ќе се признае како посебен македонски јазик и идентитет … Она што можеше Европа да види дека не е само промена на Уставот единствено нешто да направиме за да може да продолжиме, впрочем многу влијателни фигури во Бугарија тоа го кажуваат, рече Мицкоски.

    Според премиерот, изјавата на бугарскиот претседател Румен Радев, во која тој вели дека единствениот услов се уставните измени, не е точна, бидејќи „и во Договорот за добрососедство нема никаков услов, а сега де факто имаме“.

    -Пред некој ден слушнав изјава од претседателот Радев во којашто вели единствениот услов којшто треба да го направи Македонија е да го смени Уставот. Ние во Договорот за добрососедството немавме никаков услов. Потпишан  договор во којшто Бугарија треба да не поддржува во рамките на процесот на преговори и членство. Па добивме вето, затоа што ние не сме го исполнувале договорот и не сме ги испорачале малцинските права на бугарската заедница во Македонија, истакна премиерот.

    Според Мицкоски, нема „поглупава теорија“ од ставот на опозицијата дека со внесување на Бугарите во Уставот ќе се зацврсти нашиот идентитет. Претходната Влада имала избрзани чекори и, како што рече, водела „национално исплакната политика“.

    -Денешните изјави на Венко Филипче и акробациите на Зоран Заев во тоа време не се случајност. Тоа е заедничка матрица која никогаш стратешки и на долг рок не ги гледа проблемите што ги остава зад себе со начинот на однесување, а  тоа е националната исплакнатост, политички елементарно и површинско гледање на работите, без суштина и без стратегија. Затоа ние сега сме доведени во ситуација да зборуваме за нешто што претставува темелна вредност на еден народ, а тоа е неговиот идентитет и неговиот мајчин јазик, рече Мицкоски.

    Како што рече, за ова прашање ќе седне да разговара со опозицискиот лидер Венко Филипче доколку кај види дека кај СДСМ има „себепрекор за грешките“ и промена во ставовите кои, рече, се дијаметрално спротивни со ставовите на Владата.

    -Нивната политика резултираше со „модерен“ … Не велам дека ова е исправно или неисправно. Оваа политика добила поддршка од половина милион граѓани во оваа држава, трипати повеќе од политиката што ја води опозицијата. Се додека оваа политика добива поддршка – ова е патот. Кога нема да добијам поддршка, кога ќе бидам поразен на избори ќе дојде оваа другата политика, национално исплакната, со виткање кичми, со ограбување на своите граѓани и тогаш таа политика ќе води напред, истакна Мицкоски.

    Поврзани вести:

    Премиерот Мицкоски денеска ќе го отвори новото основно училиште „Крсте Петков Мисирков“ во Ченто

    Премиерот Мицкоски денеска ќе го отвори новото основно училиште „Крсте Петков Мисирков“ во Ченто

    СДСМ: Договорот за Ива Михаилова е само еден случај од многуте

    СДСМ: Договорот за Ива Михаилова е само еден случај од многуте

    Милошоски: Вето на една членка е доволно за блокирање на македонскиот јазик во ЕУ

    Милошоски: Вето на една членка е доволно за блокирање на македонскиот јазик во ЕУ

    Мицкоски: ЕУ останува стратешка цел, Владата води дијалог со Бугарија

    Мицкоски: ЕУ останува стратешка цел, Владата води дијалог со Бугарија

    Партиски препукувања за бегството на Ива Михаилова во Бугарија

    Партиски препукувања за бегството на Ива Михаилова во Бугарија

    Собранието денеска на нова седница, Мицкоски и министрите на опозициски пратенички прашања

    Собранието денеска на нова седница, Мицкоски и министрите на опозициски пратенички прашања

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Премиерот Мицкоски денеска ќе го отвори новото основно училиште „Крсте Петков Мисирков“ во Ченто

    16/10/2026

    СДСМ: Договорот за Ива Михаилова е само еден случај од многуте

    15/10/2026

    Милошоски: Вето на една членка е доволно за блокирање на македонскиот јазик во ЕУ

    15/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.