Агенцијата за храна и ветеринарство, минатата недела, при вонреден инспекциски надзор кај правно лице – месарница во Општина Василево на приватен имот откри комора која не била регистрирана во АХВ.
При спроведувањето на контролата, официјалните ветеринари на АХВ во комората пронашле и заплениле 400 килограми замрзнати подготовки од месо, плескавици и ќебапи, како и 70 килограми внатрешни органи.
Целокупната запленета количина подготовки од месо и внатрешни органи нештетно се уништени на депонија, а комората е времено затворена, а правното лице парично казнето за работа во нерегистриран објект и неозначување на производите, соопшти АХВ.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
