Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Политика»Мицкоски по реизборот: Нова генерација на ВМРО-ДПМНЕ треба да се роди во наредните четири години
    Политика

    Мицкоски по реизборот: Нова генерација на ВМРО-ДПМНЕ треба да се роди во наредните четири години

    07/12/20253 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во говорот по реизборот се осврна и на успехот на партијата и за пребродениот тежок период, кога пред 8 години го преземал лидерството на партијата. Кажа и дека по конгресот ќе има кадровско освежување и промени во сите структури на партијата – од Извршниот комитет до општинските и месните комитети.

    „ВМРО-ДПМНЕ имаше историски најдобар резултат на последните избори. Партијата ја кренавме од една многу тешка состојба во која се наоѓаше кога ја преземав: замрзнат имот, политички прогон, луѓе кои ги апсат поради политички позиции, а не поради тоа што направиле некакви дела, случајот „27 април“ и сите кои настрадаа, долгови и што ли уште не. За да денес бидеме победничка партија, со историски добар резултат на последните локални избори. Без долгови кон никому. И политички противник кој е декласиран,“ рече Мицкоски.

    На неговите сопартијци им порача дека во функциите што ги земаат влегуваат со нивната чест и углед.

    „И многу е важно по што ќе ве запаметат и како ќе излезете во политиката која морам да признаам дека е една валкана арена на многу нечесни игри. Таквата перцепција ја прават токму оние кои на политиката гледаат како алатка за исполнување на свои лични интереси, а не за напредок и заедничко добро … Ниту една функција во партијата не е од Бога дадена или од дома донесена. Никој функционер не е вечен и мора да има одговорност кон членството и кон самите себе. Не заборавајте од каде почнавте и од каде дојдовте,“ рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека заедно постигнале многу за краток период и ги исполнуваат очекувањата на народот.

    Мицкоски соопшти дека во наредниот шестмесечен период ќе има реформи и кадровски освежувања во сите структури на партијата: „На ВМРО-ДПМНЕ му е потребна новата генерација што треба да се роди во наредниот четиригодишен мандат. Генерација која ќе изгради од желбата и поривот да се гради татковината, која ќе ја следи и гради стратегијата што ќе обезбеди стабилно и победничко ВМРО-ДПМНЕ и силна иднина за нашата татковина Македонија“.

    Тој упати порака, како што рече, „до сите што мислат дека да се биде претседател на ВМРО ДПМНЕ е награда, титула или привилегија“.

    „Кој мисли дека претседателот на ВМРО-ДПМНЕ се станува лесно – се излажал. Кој мисли дека функцијата се наследува заради блискост или по случаен пат, со плетење мрежи и со неконзистентност – погрешил. Кој мисли дека довчерашните субјективни заслуги ќе му донесат утрешна награда – не ја разбрал оваа партија,“ рече Мицкоски.

    Кажа и дека неговиот наследник ќе биде „човек со ’рбет, со интегритет, со дисциплина и фокус“.

    „Ќе биде човек што знае да ја носи тежината на државата. Што знае да издржи. Што знае да прости. Што знае да биде чесен и кога боли и кога сите се откажуваат од него, затоа што во моментот им е така опортуно да прават. Наследникот мора да биде човек што ќе знае дека партијата е поголема од него, а не човек што мисли дека е поголем од партијата, истакна Мицкоски и дека следниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ мора да биде човек што ќе може да ја води Македонија – не во 2025 година, туку во 2050 година.

    Поврзани вести:

    СДСМ ја одби платформата „12:05“: Ги обвини иницијаторите за обид за слабеење на опозицијата

    СДСМ ја одби платформата „12:05“: Ги обвини иницијаторите за обид за слабеење на опозицијата

    Мицкоски и Јаневска ќе го пуштат во употреба реконструираниот дом „Стив Наумов“

    Мицкоски и Јаневска ќе го пуштат во употреба реконструираниот дом „Стив Наумов“

    Мицкоски најави нов бран кадровски промени во Владата

    Мицкоски најави нов бран кадровски промени во Владата

    Мицкоски: Економијата расте, резултатите треба да ги почувствуваат граѓаните

    Мицкоски: Економијата расте, резултатите треба да ги почувствуваат граѓаните

    ВМРО-ДПМНЕ: Филипче не успеа да го направи СДС опозиција

    ВМРО-ДПМНЕ: Филипче не успеа да го направи СДС опозиција

    СДСМ со критики до Мицкоски: Ја понижи државата со изјавата дека Македонија треба да стане сериозна

    СДСМ со критики до Мицкоски: Ја понижи државата со изјавата дека Македонија треба да стане сериозна

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    вмро дпмне конгрес Мицкоски реизбор
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    СДСМ ја одби платформата „12:05“: Ги обвини иницијаторите за обид за слабеење на опозицијата

    02/10/2026

    Мицкоски и Јаневска ќе го пуштат во употреба реконструираниот дом „Стив Наумов“

    30/09/2026

    Мицкоски најави нов бран кадровски промени во Владата

    29/09/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.