Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Економија»Мицкоски: По 14 неуспешни тендери, државата сама ќе ги реализира „Чебрен“ и „Галиште“
    Економија

    Мицкоски: По 14 неуспешни тендери, државата сама ќе ги реализира „Чебрен“ и „Галиште“

    09/06/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Владата планира самостојно да ги реализира долгонајавуваните хидроенергетски проекти „Чебрен“ и „Галиште“, со вкупна инвестиција од околу 1,5 милијарди евра. Ова го соопшти премиерот Христијан Мицкоски, посочувајќи дека во тек е изработка на физибилити студија, по неуспешните обиди во изминатите три децении, кога пропаднаа дури 14 тендерски постапки за изградба на двата енергетски капацитети.

    Според најавите, проектите треба значително да го зголемат домашното производство на електрична енергија и да придонесат за поголема енергетска независност на државата. Хидроелектраната „Галиште“ е проектирана со инсталирана моќност од 193,5 мегавати и се очекува годишно да произведува над 260 гигават-часови електрична енергија. Заедно со „Чебрен“, ќе овозможи поефикасно искористување на водниот потенцијал на Црна Река.

    Мицкоски најави и изградба на гасни когенеративни централи за производство на електрична и топлинска енергија, со можност за приклучување на домаќинствата на новиот систем за снабдување со енергија.

    Во меѓувреме, во тек е изградбата на ветерниот парк кај Штип, инвестиција вредна 400 милиони евра, која се смета за најголем проект од обновливи извори на енергија во земјава. Паркот ќе се простира на подрачјето на Штип, Карбинци и Радовиш и ќе обезбедува електрична енергија за околу 100.000 домаќинства.

    Премиерот откри и дека се водат разговори за уште еден голем ветерен парк во североисточниот дел на државата. Доколку проектот биде реализиран, инвестицијата би достигнала околу 800 милиони евра и би претставувала значаен нов енергетски капацитет за Македонија.

    Поврзани вести:

    РКЕ денес одлучува за новите цени на бензинот и дизелот

    РКЕ денес одлучува за новите цени на бензинот и дизелот

    УЈП почна проверки на приливите од странство за 2021 година

    УЈП почна проверки на приливите од странство за 2021 година

    „Се гледа крајот“: Николоски објави нови детали од изградбата на автопатот Охрид – Кичево

    „Се гледа крајот“: Николоски објави нови детали од изградбата на автопатот Охрид – Кичево

    МЕПСО бара зголемување на тарифата за пренос на струја за речиси 98 проценти

    МЕПСО бара зголемување на тарифата за пренос на струја за речиси 98 проценти

    УЈП: Најмладиот милионер во Македонија има 4 години, најстариот 97

    УЈП: Најмладиот милионер во Македонија има 4 години, најстариот 97

    Македонија изложена на влијанијата од глобалните цени на храната и енергенсите

    Македонија изложена на влијанијата од глобалните цени на храната и енергенсите

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    РКЕ денес одлучува за новите цени на бензинот и дизелот

    26/10/2026

    УЈП почна проверки на приливите од странство за 2021 година

    24/10/2026

    „Се гледа крајот“: Николоски објави нови детали од изградбата на автопатот Охрид – Кичево

    22/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.