Опозицијата, која доживеа историски дебакл, ја слушам како се храбри, па дури и прави пресметки околу пратенички места.
Сфаќам дека се наоѓаат во тежок изборен нокаут, но со нереални математики само дополнително го иритираат народот.
Ова го порача премиерот Христијан Мицкоски до опозициските партии кои повикуваат на парламентарни избори и додаде дека им остава време да се консолидираат и да размислат дали ќе се осмелат да одат на предвремени избори, за кои кажа дека смета оти сега се непотребни.
„Затоа нека внимаваат што зборуваат и што посакуваат – може и да им се оствари”, посочи Мицкоски.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
