Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Дали сте слушнале
    • Интервју
      • Директно со
    Прва Скопска ТВ
    Home » Мицкоски: Наскоро ќе се знае дали биле точни информациите за укинувањето на линеарното покачување на пензиите
    Република

    Мицкоски: Наскоро ќе се знае дали биле точни информациите за укинувањето на линеарното покачување на пензиите

    28/11/20253 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Премиерот Христијан Мицкоски вели дека вчера добил информации оти во Уставиот суд била отпочната постапката за укинување на линеарното покачување на пензиите од наредниот месец и дека судијата известител веќе ставил потпис на конечен извештај за укинување, а тоа и го кажал на собраниската седница за пратенички прашања. Дали тие информации се точни, посочи премиерот, ќе се види многу скоро и оти би сакал да не е во право.

    – Ќе кажам дека вчера за време на пратеничките прашања бев многу прецизен и кажав дека имам информации дека е отпочната постапка и оти судијата известител ставил потпис на конечниот извештај со кој се укинува линерното зголемување на покачувањето на пензиите за пензионерите од следниот месец. Дали тоа ќе се случи ќе видиме наскоро, дали сум бил во право, дали информацијата била точна или не. Многу скоро ќе добиеме одговор. Јас би сакал да не сум во право. Еве посакувам да не сум во право, но што ако сум во право. Тоагаш кој е тој што прави хаос и кој свесно удира по стандардот на пензионерите. Владата со тие мерки сакаше да го подобри стандардот на повеќе од 330 до 350 илјади пензинери. Некој друг има поинакви намери, рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање на настанот.

    Вчера Мицкоски на седница за поставување на пратенички прашања рече дека повеќе од 70 проценти од пензионерите од следниот месец ќе добиваат помали пензии поради иницијативата на уставната судијка, а за што одлуката, како што истакна, веќе била потпишана.

    – Точно е тоа дека е покрената постапка пред Уставниот суд и точно е дека таа судијка за којашто сите зборуваме, којашто беше архитип на неправдата во судството, заедно со една друга обвинителка, којашто беше исто така вториот столб на тој архитип на судството едно време, и којшто соучествува во онаа чанта од брендот Луј Витон, се тие на коишто денес им пречи линеарното зголемување на пензиите на пензионерите, рече премиерот Мицкоски на денешната собраниска седница за поставување пратенички прашања.

    Тој истакна дека судијката на Уставниот суд, според последната информација, ја има потпишано одлуката за укинување на линеарното зголемување на пензиите на пензионерите.

    Потоа Уставнот суд излезе со информација дека сè уште не е донесена конечна одлука за предметот кој се однесува на членот 2 од Законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, познат во јавноста како линеарно зголемување на пензиите.

    Судот укажува дека на 24. седница одржана на 19.11.2025 година со мнозинство гласови, изразил сомнеж во уставноста на членот 2 од Законот.

    -Во тек е втората фаза од постапката во која се бараат мислења од доносителот и од предлагачите на Законот, по што ќе следува конечна одлука. Јавноста ќе биде известена кога овој предмет ќе биде ставен на седница за гласање, посочија оттаму.

    Поврзани вести:

    Струмичанец се обидел да ја убие сопругата како во американски трилер филм

    Струмичанец се обидел да ја убие сопругата како во американски трилер филм

    Повеќе се разведуваат, отколку што склучуваат нов брак

    Повеќе се разведуваат, отколку што склучуваат нов брак

    Ќе покаже ли истрагата дека неупотребливата пченица од стоковите резерви, сепак била употребена?

    Ќе покаже ли истрагата дека неупотребливата пченица од стоковите резерви, сепак била употребена?

    Во сабота 31-ви „Марш на ангелите“ во Кочани

    Во сабота 31-ви „Марш на ангелите“ во Кочани

    Почна божикниот пост

    Почна божикниот пост

    Голем дел од Тетовско денеска без струја поради планирани прекини

    Голем дел од Тетовско денеска без струја поради планирани прекини

    Мицкоски пензии
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Струмичанец се обидел да ја убие сопругата како во американски трилер филм

    28/11/2025

    Повеќе се разведуваат, отколку што склучуваат нов брак

    28/11/2025

    Ќе покаже ли истрагата дека неупотребливата пченица од стоковите резерви, сепак била употребена?

    28/11/2025
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор

    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Jumbo Маркети
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2025 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.