Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Дали сте слушнале
    • Интервју
      • Директно со
    Прва Скопска ТВ
    Home » Почна божикниот пост
    Занимливости

    Почна божикниот пост

    28/11/20252 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    За православните христијански верници кои се водат според јулијанскиот календар денеска почна шестнеделниот божикен пост. Постот ќе трае 40 дена, односно до Божик, 7 јануари, денот на раѓањето на Исус Христос. Бидејќи датумот на Божик не се менува, постот секоја година почнува на 28 ноември, а завршува на Бадник, 6 јануари.

    Христијанскиот пост е воведен по примерот на Исус Христос, кој 40 дена поминал во пустина во пост и молитва. Постот претставува духовна и телесна подготовка на човекот за влез во тајната на претстојниот празник. Божикниот пост е втор по должина на траење, веднаш по велигденскиот.

    Во однос на „строгоста“ за употреба на храна, божикниот пост е „поблаг“, бидејќи дозволува користење вино, масло за јадење и риба.

    Според типикот на црквата, божикните пости се постат на следниот начин: понеделник, вторник и четврток на масло, среда и петок строг пост, сабота, недела и празници е допуштено риба. За монаштвото е благословено и понеделник да е строг пост, а за мирјаните кои имаат именден или куќна слава е благословено употреба на риба.

    На Божик се сеќаваме на Христовото раѓање. Го славиме Господа Исуса Христа. Го славиме Неговиот роденден.

    Целта на постот е да се „исчистат“ духот и телото, што се постигнува не само со воздржување од мрсна храна, туку и од лоши мисли, зборови и дела. За време на божикниот пост, посни се и сите славски трпези.

    Со Канонот на Православната црква се предвидени еднодневни и повеќедневни пости. Еднодневните пости се во среда и петок, Водокрст на 18 јануари, Отсекувањето на главата на св. Јован Крстител на 11 септември и Крстовден на 27 септември. Повеќедневни пости се велигденските, петровденските, богородичните и божикните пости.

    Божикниот пост, како и останатите повеќедневни постови, датира од првите векови на христијанството и се споменува во делата на светите отци од 4 и 5 век. Првобитно постот траел седум дена, а одлуката христијаните пред празникот – Раѓањето Христово да постат 40 дена е донесена на Соборот во Цариград во 1166 година.

    Поврзани вести:

    Утре точно во 00:14 часот пристигнува неверојатен настан: Полната месечина во Близнаци ја менува судбината на 4 знаци

    Утре точно во 00:14 часот пристигнува неверојатен настан: Полната месечина во Близнаци ја менува судбината на 4 знаци

    META почна да гаси профили на деца на социјалните мрежи

    META почна да гаси профили на деца на социјалните мрежи

    Три хороскопски знаци што во декември привлекуваат финансиски успех

    Три хороскопски знаци што во декември привлекуваат финансиски успех

    Кој знак најлесно манипулира? Еве го целосниот список

    Кој знак најлесно манипулира? Еве го целосниот список

    Луксузниот свет на соло патувањата: Жените го водат новиот глобален тренд

    Луксузниот свет на соло патувањата: Жените го водат новиот глобален тренд

    Делови од Македонија ова утро беа со температури под нулата

    Делови од Македонија ова утро беа со температури под нулата

    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Утре точно во 00:14 часот пристигнува неверојатен настан: Полната месечина во Близнаци ја менува судбината на 4 знаци

    04/12/2025

    Густа магла и намалена видливост на повеќе планински превои

    04/12/2025

    Жолто предупредување за локални излевања на реки и суводолници во Македонија

    04/12/2025
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор

    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Jumbo Маркети
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2025 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.