Помалку склучени, а повеќе разведени бракови евидентираше Државниот завод за статистика во третото тримесечие од оваа година, во споредба со истиот период лани.
Во овој квартал се склучени 3.514 бракови што е помалку за 2,8% од 2024 година, а бројот на разводи се зголемил за 27,7 отсто или вкупно 470 двојки се развеле во ова тромесечје.
Охрабрува пак тоа што според статистиката во третото тримесечје од 2025 година бројот на живородените деца изнесува 4.431 и во споредба со истиот период од 2024 година е зголемен за 3,7%. Бројот на починати лица, бележи намалување од 0,5%.
Природниот прираст и во овој квартал е негативен. Македонија се намалила за 418 жители.
