Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Економија»Мицкоски најави поевтина струја: Цената би можела да се намали за 5 до 10 отсто
    Економија

    Мицкоски најави поевтина струја: Цената би можела да се намали за 5 до 10 отсто

    08/06/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Владата подготвува потрошувачко портфолио кое треба да биде усогласено со „ЕВН Хоум“ и државната компанија ЕСМ, со цел да се обезбеди пониска цена на електричната енергија за граѓаните. Премиерот Христијан Мицкоски најави дека заеднички состанок со компаниите ќе се одржи оваа или следната недела.

    Според него, подготовките се во завршна фаза за на крајот на годината да биде распишан соодветен оглас, а веќе од следната година граѓаните би можеле да добијат поевтина струја.

    „Целта е преку користење на обновливите извори на енергија, особено сончевата енергија, да се обезбеди просечна цена на електричната енергија која би била од пет до десет проценти пониска од сегашната“, изјави Мицкоски.

    Тој оцени дека таков потег би бил редок пример во Европа и изрази умерен оптимизам дека намалувањето на цената ќе стане реалност.

    Премиерот посочи и дека Владата има амбиција до крајот на годината Македонија да стане нето-извозник на електрична енергија. Според неговите очекувања, државната компанија ЕСМ ќе ја заврши првата половина од годината со позитивен финансиски резултат, по загубите наследени од претходниот период.

    Во однос на инвестициите во обновливи извори на енергија, Мицкоски истакна дека голем дел од проектите се реализирани, но најави законски измени со кои во иднина нема да се дозволува изградба на вакви капацитети на најквалитетното земјоделско земјиште.

    Тој најави и напредок во изградбата на голем ветерен парк на подрачјето на Штип, Карбинци и Радовиш, инвестиција вредна речиси половина милијарда долари. Паралелно се разгледува можност за уште еден сличен проект во североисточниот дел на земјата.

    Мицкоски информираше и дека состојбата со акумулациите е значително подобрена. Додека во 2024 година нивото на исполнетост било околу седум проценти, сега достигнува околу 80 проценти, што овозможува непречено снабдување со вода за наводнување и создава услови за успешна земјоделска сезона.

    Поврзани вести:

    РКЕ денес одлучува за новите цени на бензинот и дизелот

    РКЕ денес одлучува за новите цени на бензинот и дизелот

    УЈП почна проверки на приливите од странство за 2021 година

    УЈП почна проверки на приливите од странство за 2021 година

    „Се гледа крајот“: Николоски објави нови детали од изградбата на автопатот Охрид – Кичево

    „Се гледа крајот“: Николоски објави нови детали од изградбата на автопатот Охрид – Кичево

    МЕПСО бара зголемување на тарифата за пренос на струја за речиси 98 проценти

    МЕПСО бара зголемување на тарифата за пренос на струја за речиси 98 проценти

    УЈП: Најмладиот милионер во Македонија има 4 години, најстариот 97

    УЈП: Најмладиот милионер во Македонија има 4 години, најстариот 97

    Македонија изложена на влијанијата од глобалните цени на храната и енергенсите

    Македонија изложена на влијанијата од глобалните цени на храната и енергенсите

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    РКЕ денес одлучува за новите цени на бензинот и дизелот

    26/10/2026

    УЈП почна проверки на приливите од странство за 2021 година

    24/10/2026

    „Се гледа крајот“: Николоски објави нови детали од изградбата на автопатот Охрид – Кичево

    22/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.