Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Политика»Мицкоски: Македонскиот идентитет за мене се и Делчев, Груев и Сандански…
    Политика

    Мицкоски: Македонскиот идентитет за мене се и Делчев, Груев и Сандански…

    02/07/20253 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Премиерот Христијан Мицкоски во репликата на изјавата на  заедничката прес – конференција со еврокомесарката Марта Кос посочи дека за него македонскиот идентитет не се само македонските специјалитети туку и Гоце Делчев и Даме Груев и Сандански.

    -За мене мојот идентитет не е само прекрасната македонска кујна, туку е и Гоце Делчев и Шапкарев, и Миладиновци и Илинденското востание и Дамјан Груев и Јане Сандански… Не знам дали ќе го споделат истото мислење и колегите од исток, но тоа се луѓето кои се дел од нашиот идентитет, македонски идентитет, рече Мицкоски.

    Прашан во одос на највените спорни амандмани од бугарски европратеници за Извештајот за земјава за „модерен“ (или современ) македонски јазик кои задираат во идентитетот, а којшто треба да се усвои во Европскиот парламент на пленарна сесија закажана за 8 јули, Мицкоски со  одговор дека може се да очекува, и дека ништо не би го изнендаило.

    -Очекувам секаков инженеринг во Европскиот парламент (ЕП) и, јас би бил многу, многу повнимателен, бидејќи се водам од  максимата не ги слушај што зборат, гледај ги  што прават, рече премиерот Христијан Мицкоски.

    Тој потенцира дека е секогаш малку повнимателен кога станува збор за идентитетот, поради досегашното тридецениско искуство на земјата.

    -Да тоа, е така дека ние го носиме со нас, длабоко во нас. Но, морам да признам дека овие повеќе од три децении ние изгубивме голем дел од нашиот идентитет менувајќи знаме, менувајќи име, неколку пати менувајќи Устав. И во услови кога немаме гаранција дека ова ќе биде последна идентитетска отстапка која ние треба да ја направиме, јас би бил многу, многу повнимателен, бидејќи се водам од максимата не ги слушај што зборат, гледај ги  што правата. А тоа што го направија и се уште прават дел од пратениците во ЕП од нашиот источен сосед, нема никаква врска со европските вредности, потенцира Мицкоски.

    Еврокомосерката за проширување Марта Кос на заедничката прес-конференција со Мицкоски порача дека идентитет не е предмет на политичко одлучување. Идентитетот според неа се и македонските специјалитети како тавче гравче, пинџур и полнети пиперки.

    -Идентитетот, според мене, никогаш не може да стане предмет на политичко одлучување. Идентитетот е нешто што си го носиме во душите и во нашите срца. Идентитетот е како се чувствуваме и како ја чувствуваме нашата татковина, идентитетот е она како се грижиме за нашата традиција. На пример манастите во Северна Македонија, погачата, тавче гравчето, пинџурот или полнетите пиперки… како, ги одржуваме традиционалните носии, какви односи градиме со постарите во земјата, каков однос имаме кон зачувување на нашиот јазик и никој не може да ви го одземе ова на вас Македонците, порача Кос.

    Членството во ЕУ нагласи таа е најдобриот начин како да се заштити идентитетот, културата и јазикот на Македонците, поради тоа што ЕУ е изградена на приципот на разноличност и ЕУ се грижи за сите земји членки поединечно, во смисла на тоа што нивниот идентитет е добро зачуван.

    Поврзани вести:

    Чонески: Крушево добива нова спортска сала, обиколница и модерна инфраструктура

    Чонески: Крушево добива нова спортска сала, обиколница и модерна инфраструктура

    Филипче: Мицкоски не е на списокот за средба со Трамп

    Филипче: Мицкоски не е на списокот за средба со Трамп

    СДСМ: ЗНАМ е политички проект за слабеење на опозицијата

    СДСМ: ЗНАМ е политички проект за слабеење на опозицијата

    Движењето ЗНАМ очекува да добие уште еден заменик-министер во Владата

    Движењето ЗНАМ очекува да добие уште еден заменик-министер во Владата

    ВМРО-ДПМНЕ со критики за правосудството: Ги посочија „Мазут“, модуларните болници и „Ласкарци“

    ВМРО-ДПМНЕ со критики за правосудството: Ги посочија „Мазут“, модуларните болници и „Ласкарци“

    Две години од предавството на ЗНАМ, една љубов – тендери, обвинија од СДСМ

    Две години од предавството на ЗНАМ, една љубов – тендери, обвинија од СДСМ

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Чонески: Крушево добива нова спортска сала, обиколница и модерна инфраструктура

    20/09/2026

    Филипче: Мицкоски не е на списокот за средба со Трамп

    20/09/2026

    СДСМ: ЗНАМ е политички проект за слабеење на опозицијата

    20/09/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.