Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Економија»Мицкоски: Буџетот е ликвиден, 15 декември е рок кога сите институции треба да ги достават расходите за да може навреме да се исплатат
    Економија

    Мицкоски: Буџетот е ликвиден, 15 декември е рок кога сите институции треба да ги достават расходите за да може навреме да се исплатат

    14/12/20254 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Премиерот Христијан Мицкоски вели дека Буџетот е ликвиден и оти тековно се извршуваат сите обврски. Датумот 15 декември бил поставен како рок, не за затворање на трезорот, туку како датум кога институциите треба да ги достаат сите тековни расходи за да може навреме да се завршат исплатите, а не да останат незавршени и да се книжат до година. Добро е, според него, институциите да го почитуваат рокот, но ако некој дојде по тој рок нема да биде одбиен. Тезите на опозицијата дека Буџетот е празен, нагласува Мицкоски, се обид за креирање страв и паника кај граѓаните и за евтини краткотрајни политички поени. Ние, потенцира тој, не само што ги исполнуваме тековните обврски, туку ги санираме штетите од нивното седумгодишно уништување на државата. Пари има за сите исплати и за К-15 во јавната администрација.

    -Јас не реков дека ќе се затвори трезорот, туку го поставивме 15 декември како датум кога сите институции е добро да ги достават сите оние тековни потреби, расходи и сите средства кои треба да се пренесат до доверителите. Се разбира на тоа додадов дека имаме толеранција. Се разбира дека нема ако некој дојде на 20 декември да речеме клучот е на врата и завршена е работата. Се разбира дека толеранција ќе има, но идејата е да работиме со план, да имаме свесност дека е потребно сето тоа да реализираме со време, да имаме некаква навика и да го почитуваме сето она што ќе го поставиме како план и задачи. Тоа е суштината, рече премиерот во одговор на новинарско прашање по посетата на реконструираната полициска станица во Бутел.

    Истакна дека минатата година имал искуство како во 5 до 12 се да се случувало, а потоа останале некои работи недовршени, бидејќи, како што нагласи, едноставно физички не можело сето тоа да го сработи.

    -Затоа јас ги молам сите институции да дојдат навреме. Не велам дека на 25-ти ако дојде некој со налог нема тоа да се прифати и ќе се одбие, но, навремено да ги испланираме активностите, за да не се случи во 5 до 12 сите да нагрнеме таму и некои од обврските да останат неплатени односно да ги книжиме во следната година. Само тоа е целта, чисто мораме да се навикнеме на некаков ред, рече Мицкоски.

    На прашање дали ќе има и К-15 за јавната администрација, Мицкоски одговори потврдно. Ќе има и годинава, онака како што е согласно закон, рече, потсетувајќи дека минатата година прв пат бил исплатен ваков надоместок за вработените.

    Во врска со обвинувањата на СДСМ дека буџетот е празен и нема пари и затоа се затвора трезорот на 15 декември, рече дека ќе одговори на нив бидејќи „СДСМ го има кредибилитетот како опозициска партија и мора да се одговара на нивните тези кои се небулозни, невистинити и неточни“.

    -Претпоставувам дека таму има луѓе кои колку толку се разбираат во економија. Нејасно е зошто испраќаат вакви тези во јавноста. Јас ги разбирам дека сакаат да создаваат паника и немир кај граѓаните, но, тоа има ефект на краток рок од денеска до утре. Еве нема да се затвори на 15-ти ќе се плати на 25-ти. Ликвидносно е затворен буџетот, сите потреби се обезбедени и покрај тоа што имаме наследени долгови. Мој совет до нив е дека овој дневен пи-ар од денес за утре обид да се нанесе паника, да се создаде кај граѓаните страв дека еве работите не одат, им се удира од глава, бидејќи за нивна жал, а за среќа ан граѓаните тековно се завршуваат сите обврски и се санираат штетите од седумгодишното управување со владата на политичко потпросечни медиокритети кои опиени од желбата за пари и моќ, политички и државотворно исплакнати ја уништуваат државата, рече Мицкоски.

    Додаде дека никогаш не треба да се повтори тој, како што нагласи, „неславен период од 7 години кога политичко потпросечни медиокритети имаа можност да управуваат со инстутуциите во државата без никаква одговорност. Се надевам, посочи, дека многу скоро со одредени промени во обвинителнството и таа одговорност ќе ја има

    Поврзани вести:

    РКЕ денес одлучува за новите цени на бензинот и дизелот

    РКЕ денес одлучува за новите цени на бензинот и дизелот

    УЈП почна проверки на приливите од странство за 2021 година

    УЈП почна проверки на приливите од странство за 2021 година

    „Се гледа крајот“: Николоски објави нови детали од изградбата на автопатот Охрид – Кичево

    „Се гледа крајот“: Николоски објави нови детали од изградбата на автопатот Охрид – Кичево

    МЕПСО бара зголемување на тарифата за пренос на струја за речиси 98 проценти

    МЕПСО бара зголемување на тарифата за пренос на струја за речиси 98 проценти

    УЈП: Најмладиот милионер во Македонија има 4 години, најстариот 97

    УЈП: Најмладиот милионер во Македонија има 4 години, најстариот 97

    Македонија изложена на влијанијата од глобалните цени на храната и енергенсите

    Македонија изложена на влијанијата од глобалните цени на храната и енергенсите

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    РКЕ денес одлучува за новите цени на бензинот и дизелот

    26/10/2026

    УЈП почна проверки на приливите од странство за 2021 година

    24/10/2026

    „Се гледа крајот“: Николоски објави нови детали од изградбата на автопатот Охрид – Кичево

    22/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.