Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Home » Мицкоски: Архивот е темел врз кој ја градиме сегашноста и врз кој ја проектираме иднината
    Политика

    Мицкоски: Архивот е темел врз кој ја градиме сегашноста и врз кој ја проектираме иднината

    07/04/20263 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    „Архивот не е само минато. Архивот е темел врз кој ја градиме сегашноста и врз кој ја проектираме иднината. Во неговите депоа, во неговите ракописи, во неговите документи, живее сведоштвото за нашите борби, за нашите победи, за нашите падови и повторни исправувања. Таму се наоѓаат и најсветлите страници од нашата историја, но и поуките кои нè направиле посилни“, порача синоќа премиерот Христијан Мицкоски на свечената академија по повод одбележување на 75-годишнината од основањето на Државниот архив.

    Архивот, додаде тој, е институција која не е само чувар на документи, туку и чувар на нашата меморија, нашиот идентитет и нашата вистина.
    „Таму се наоѓаат и најсветлите страници од нашата историја, но и поуките кои не направиле посилни. Да се биде народ без архив подразбира да се биде народ без паметење, а народ без паметење е народ без иднина. Затоа оваа институција е многу повеќе од установа, таа е чувар на вистината. Таа е сведок на времето. Таа е мост меѓу генерациите. Во изминатите 75 години, Државниот архив успеа да собере и заштити огромно културно и историско богатство. Илјадници метри архивска граѓа, милиони документи, записи, фотографии, сведоштва. Секој од нив носи дел од мозаикот на нашата национална приказна“, истакна премиерот Мицкоски.

    Додаде дека со оглед на тоа што живееме во време на дигитална трансформација, време кога информациите патуваат со брзина на светлината, и архивите мора да чекорат напред, да се дигитализираат, да станат подостапни, да се отворат за јавноста, за научниците, за младите.
    „Нашата држава поминала низ многу предизвици. Имало моменти кога се губеле траги, кога вистината била искривувана, кога идентитетот бил оспоруван. Токму затоа архивите се нашата најсилна одбрана, бидејќи тие не зборуваат со емоции. Тие зборуваат со факти, а фактите се најсилниот темел на една држава. Денес, кога градиме модерна европска Македонија, не смееме да заборавиме дека секој чекор напред мора да биде поткрепен со знаење за тоа кои сме и од каде доаѓаме“, нагласи премиерот.

    И затоа, потенцира тој, оваа годишнина не е само јубилеј туку потсетник дека сме должни да го чуваме она што сме го наследиле и да го пренесеме на идните генерации, да го чуваме јазикот, да ја чуваме културата и да ја чуваме вистината, бидејќи кога ја чуваме историјата, ја зачувуваме и иднината.

    На одбележувањето на јубилејот под слоганот „Државен архив, столб на македонското битие“, се обрати и директорот на оваа институција Димитар Богески.
    „Блаже Конески вели корените се тие што ја држат круната. Така и Државниот архив е чувар на македонските корени. Темелот врз кој се издигнува нашата државност и културна зрелост, столб на македонското битие. Во секој документ, во секој ракопис, во секоја фотографија е втиснато она што не го обликува како народ. Архивот е мост помеѓу минатото и иднината, место каде што корените не само што се чуваат, туку и се пренесуваат како сила и инспирација за новите генерации. Тој е живо сведоштво дека без корени нема круна. Државниот архив е повеќе од институција, тој е светилник на нашата иднина, рече во обраќањето на Академијата директорот Димитар Богески.

    Денес, рече тој, кога сме пред редок и величествен јубилеј, седумдесет и пет години од постоењето на Државниот архив на Македонија, може да се каже дека седум ипол децении оваа институција не беше само чувар на депото на документи, туку и чувар на нашето минато, сведок на нашата сегашност и темел за иднината.

    По повод јубилејот промовирана е и поштенска марка мал симбол со огромна вредност. Печат кој, како што истакна Богески, ќе патува низ целиот свет и ќе сведочи за нашата историја, култура и државност.

    архив Мицкоски роденден
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Муцунски трчаше 6 километри низ Скопје со белгискиот министер за надворешни работи

    16/04/2026

    Левица обвини за партизација и притисоци во министерството за земјоделство

    16/04/2026

    ВМРО – ДПМНЕ: СДСМ и Венко Филипче пет дена ја слават победата на Маѓар во Унгарија

    16/04/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
      Прва Скопска ТВ
      Facebook Instagram YouTube
      • За нас
      • Импресум
      • Контакт
      • Програмска шема
      © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

      Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

      Исклучете AdBlock за пристап до вестите
      Исклучете AdBlock за пристап до вестите
      За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.