Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Култура»„Матица македонска“ ја објави книгата „За македонскиот јазик и философијата“ од академик Витомир Митевски
    Култура

    „Матица македонска“ ја објави книгата „За македонскиот јазик и философијата“ од академик Витомир Митевски

    12/03/20263 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    „Матица македонска“ ја објави книгата „За македонскиот јазик и философијата“ од академик Витомир Митевски, потпретседател на Македонската академија на науките и уметностите. Изданието е едно од клучните дела со кои „Матица“ го одбележува својот 35-годишен јубилеј.

    Станува збор за прва авторска книга со студии посветени на македонскиот јазик и философијата, со посебен акцент на македонската терминологија. Делото е резултат на долгогодишни истражувања на академик Митевски, кои нудат повеќестран пристап кон јазикот – како изразно средство во различни области, но пред сè како медиум за изразување на апстрактни содржини.

    „Ова дело претставува значаен прилог во нашата наука и култура, особено поради иновативните решенија во повеќе области“, оценува во рецензијата академик Ѓорѓи Поп-Атанасов.

    Генезата на апстрактната терминологија

    Еден дел од трудовите во книгата ја истражува генезата на македонската апстрактна терминологија, следејќи ги нејзините корени во кирилометодиевската традиција. Анализирани се бројни примери на преводи од грчки на теолошки и философски дела низ вековите, кои сведочат дека македонскиот јазик постепено се изградувал како средство способно да ги изрази најсложените идеи од различни области.

    Како што укажува Митевски, особено значајни се преводите објавени во последните три децении, кои го потврдуваат капацитетот на македонскиот книжевен јазик за изразување на високи апстрактни концепти.

    Философските поими и нивниот јазичен израз

    Во книгата се обработуваат и поединечни философски поими кои добиле свој терминолошки израз во македонскиот јазик. Посебно внимание е посветено на поимот философија во духот на кирилометодиевската традиција, како и на термини како доблест, благовремие и други.

    Авторот ги истражува и традиционалните епитети во епската поезија, кои го отсликуваат односот кон светот и „другите“, како и прашањето на именувањето на земјите и народите – тема што ја рефлектира историската и културната перцепција меѓу народите.

    Значајно место во изданието заземаат и истражувањата на крупните поими од античката философија – душата, љубовта, светот и други – како и нивниот јазичен израз во македонскиот јазик.

    Клучна публикација за македонистиката

    Со оглед на фундаменталното место на македонскиот јазик во истражувањата на академик Митевски и неговиот темелит и иновативен пристап, „За македонскиот јазик и философијата“ веќе се издвојува како една од клучните публикации за македонистиката во овој период.

    Академик Витомир Митевски е автор на повеќе од триесет книги и важи за еден од македонските филозофи со најбогат научен опус. Неговата долгогодишна посветеност на македонистичките теми, вклучително и истражувањата на творештвото на Григор Прличев, го позиционира како еден од современите авторитети во оваа област.

    По повод 35 години постоење, „Матица македонска“ најавува објавување на уште низа значајни дела од македонски автори.

    Поврзани вести:

    Глобална женска лидерска конференција „Јас сум жена“ утре во Скопје

    Глобална женска лидерска конференција „Јас сум жена“ утре во Скопје

    „Набуко“ од Верди на 30 октомври на сцената на Националната опера и балет

    „Набуко“ од Верди на 30 октомври на сцената на Националната опера и балет

    Весна Димитровска прогласена за најдобра актерка на меѓународен фестивал во Италија

    Весна Димитровска прогласена за најдобра актерка на меѓународен фестивал во Италија

    Вечерва во Битола се затвора јубилејното 35. издание на „Интерфест“

    Вечерва во Битола се затвора јубилејното 35. издание на „Интерфест“

    Билјана С. Црвенковска гостува на „Денови на македонската поезија“ во Гетеборг

    Билјана С. Црвенковска гостува на „Денови на македонската поезија“ во Гетеборг

    Отворено 47. издание на Фестивалот „Браќа Манаки“

    Отворено 47. издание на Фестивалот „Браќа Манаки“

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    книга
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Глобална женска лидерска конференција „Јас сум жена“ утре во Скопје

    13/11/2026

    „Набуко“ од Верди на 30 октомври на сцената на Националната опера и балет

    26/10/2026

    Весна Димитровска прогласена за најдобра актерка на меѓународен фестивал во Италија

    16/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.