Во Германија се случуваат масовни штрајкови во јавниот сектор. Синдикатите преку протестни акции вршат притисок врз владата и работодавачите за зголемување на платите од најмалку 7 отсто.
Претстанок со работење и протести има во јавната администрација и локалните власти. Штрајкувуваат и во јавниот превоз, градинките и здравствените установи. Сето тоа на повеќе места низ Германија предизвикува големи блокади и застои во функционирањето на системот.
Покрај тоа, и Полицискиот синдикат повика на протест, меѓу другото и во централната служба за парични казни. На прекин на работата се повикани околу 150.000 вработени.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
