Со претставата на македонскиот режисер Александар Поповски ,„Амадеус“ од Питер Шефер , Словенско народно гледалишче од Марибор утре во 20 часот ќе гостува во Македонскиот народен театар. Последен пат овој театар гостуваше во МНТ пред 26 години, со претстава „Дракула“, што исто така ја режираше Поповски.
Премиерата на „Амадеус“ беше во 2024, а во претставата играат познати словенечки актери.
Освен оваа претстава, Театарот од Марибор на 3 април ќе се претстави пред скопската публика и со монодрамата „Безгрешна “со Наташа Матјашец-Рошкер. ,
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
