Во петок, 13 март, со почеток во 19:30 часот, во големата сала на Центарот за култура – Битола ќе се одржи битолската премиера на македонскиот филм „Уште една игра“. На проекцијата ќе присуствува режисерот Ник Јансен (Nick Janssen), како и дел од филмската екипа.
Филмот ја раскажува приказната за Мартин, 16-годишник од Чучер-Сандево кој сонува да стане професионален гејмер. Неговата страст кон е-спортот го носи низ низа предизвици и важни животни избори – помеѓу соништата, пријателството и очекувањата на околината.
Во актерската екипа настапуваат Тони Михајловски, Гоце Андонов, Zephaniah Terry, Жаклина Стефковска, Александра Пашевска, Марија Јанчевска, Марјан Наумов, Далиа Стоименова, Јасмина Василева, Ведран Чешарек, Петар Манич и Дениз Ајдаревич.
Битолската публика ќе има можност не само да ја проследи премиерната проекција, туку и да се сретне и разговара со дел од авторската и актерската екипа
