Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Политика»Левица: Предложените измените на Кривичниот законик се лажно „враќање“ на правдата и вистинско зацврстување на неодговорноста
    Политика

    Левица: Предложените измените на Кривичниот законик се лажно „враќање“ на правдата и вистинско зацврстување на неодговорноста

    22/12/20254 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    И покрај тоа што јавноста е крајно огорчена од високата корупција и криминал на носителите на јавни функции, и покрај тоа што постојат бројни и континуирани рецидиви, казнената политика за високата корупција упорно не се заострува – напротив, систематски се разлабавува, се вели во соопштението од ПП Левица што МИА го пренесува интегрално.

    По скандалозните измени на Кривичниот законик од 2023 година, со кои над 80 предмети ззастареа, меѓу кои и предмети кои се однесуваа на функционери и актуелни носители на јавни функции од ДПМНЕ, власта денес се обидува да ја убеди јавноста дека „ја враќа правдата“. Но, анализата не го говори тоа и всушност претставуваат доказ за тоа што правеле, прават и имаат намера да направат, односно како планираат да ја злоупотребат позицијата, со самото тоа што ја олабавуваат казнената политика и не се спремни да инкриминираат нивните штетни дејствија.

    Измените од 2023 за коишто ДПМНЕ обезбедија кворум, не само што дополнително ја нарушија општата перцепција за правдата, туку предизвикаа и директна, огромна штета по Буџетот на Република Македонија. Прашањето веќе не е колку случаи застареа – туку дали воопшто по тие измени некој носител на јавна функција ќе одговара.

    Во февруари годинава, Уставниот суд поведе постапка за оценување на уставноста на измените од 2023 година и, со цел да не се создаде правен вакум, му даде рок од шест месеци на Собранието да ги исправи спорните решенија. Тој рок беше пробиен, исто како и ветувањата на ДПМНЕ. Судот предупреди дека доколку до последната нивна седница на (која ја закажаа на 24 декември) не се направат потребните измени, ќе пристапи кон укинување или поништување.
    Наместо сериозно, одговорно и транспарентно, власта, преку пратеници од владејачкото мнозинство во последен момент, на 17 декември, поднесоа предлог-измени на Кривичниот законик, кои повторно се туркаат на брза лента, без јавна дебата, експертска анализа и вклучување на релевантната стручна јавност. До овој момент, тие измени не се закажани ниту на прво читање, што јасно укажува дека се планира уште едно нетранспарентно и избрзано носење на измени во ден-два со далекусежни последици.

    Впрочем, ваквиот чекор е спротивен и на Решението на Уставниот суд во кое една од причините поради кои поведе постапка е токму ваквата пракса на нетранспарентен законодавен процес оценувајќи дека транспарентноста во законодавниот процес е основен елемент на владеењето на правото и дека нетранспарентноста може да доведе до повреда на уставните начела, што може да има штетни последици за донесените закони, па оттука, транспарентноста ја оцени како фундаментаен елемент и суштински дел од гарантирањето на јавната контрола и правото на граѓаните да учествуваат во процесите што ги засегаат.

    Власта лаже кога тврди дека со овие измени ја враќа правдата. Предложените решенија не соодветствуваат ниту со предскандалозните одредби, ниту со Кривичниот законик изработен од експертска работна група којшто со години стои во фиока.

    – Па така, на пример, кај делото злоупотреба на службената положба и овластување, се брише можноста за кривичен прогон по основ на „поголема повреда на правата на друг“, со што се стеснува инкриминацијата и се отвора простор за избегнување на одговорност.
    – За прибавување значителна имотна корист или нанесување значителна штета, казнената рамка од најмалку 3 до 20 години затвор се сведува на 1 до 8 години.
    – Кај злоупотребите на штета на јавните пари, иако формално се „враќаат“, преку дескриптивна и екстензивна формулација се создава простор за лесно оспорување и избегнување на одговорност, со казни од 4 до 10 години, наместо претходните 5 до 20 години.
    – Во однос на несовесното работење во службата, се исфрла формулацијата за „друг начин на очигледно несовесно постапување“, со што драстично се стеснува можноста за кривичен прогон, а минимумот се сведува на парична казна, наместо минимум од три месеци затворска казна.

    Практично, наместо заострување на казнената политика, се создава правна рамка што овозможува побрзо застарување, поблаги санкции и реална можност за условни казни за најтешките форми на корупција преку ублажување на казните.

    Главната вистина е едноставна и непријатна: ДПМНЕ свесно чекаше, за да застарат предметите на нивните функционери. Со тоа чекање, и со вакви „поправки“ во последен момент, власта дефинитивно не ја спасува правдата и неселективноста.
    Не смее да се заборави дека за скандалозните измени од 2023 година постоеше широка коалиција и тивок консензус помеѓу тогашната власт на СДСМ и ДУИ со ДПМНЕ.

    Овие измени се само обланда од нужни законски измени со скандалозни измени за идно амнестирање од одговорност или изрекување на смешни, условни казни за висока корупција и криминал на носители на јавни функции. Исто како и измените од 2023 на СДСМ кога се инкриминираше екоцидот, но се донесоа катастрофални решенија во полза на (екс)функционерите.

    Поврзани вести:

    ВМРО-ДПМНЕ предлага акциски план од 2,85 милиони денари за проблемот со кравите во Крива Паланка

    ВМРО-ДПМНЕ предлага акциски план од 2,85 милиони денари за проблемот со кравите во Крива Паланка

    СДСМ бара целосна истрага за случајот со Росица: Одговорноста не е само кај полицајците

    СДСМ бара целосна истрага за случајот со Росица: Одговорноста не е само кај полицајците

    Гаши ги укинува редовните паузи: Опозицијата ќе има два часа ефективни прашања

    Гаши ги укинува редовните паузи: Опозицијата ќе има два часа ефективни прашања

    Бојковска: Буџетот за 2027 е насочен кон економски раст, образование и подобар студентски стандард

    Бојковска: Буџетот за 2027 е насочен кон економски раст, образование и подобар студентски стандард

    Продолжува расправата за Буџетот за 2027: Над 300 амандмани, власта и опозицијата со спротивставени ставови

    Продолжува расправата за Буџетот за 2027: Над 300 амандмани, власта и опозицијата со спротивставени ставови

    Партијата на пензионери бара построги казни за корупција и целосна конфискација на имот

    Партијата на пензионери бара построги казни за корупција и целосна конфискација на имот

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    измени кривичен законик левица
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    ВМРО-ДПМНЕ предлага акциски план од 2,85 милиони денари за проблемот со кравите во Крива Паланка

    19/11/2026

    СДСМ бара целосна истрага за случајот со Росица: Одговорноста не е само кај полицајците

    19/11/2026

    Гаши ги укинува редовните паузи: Опозицијата ќе има два часа ефективни прашања

    16/11/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.