Опозициската Левица обвини дека во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство се спроведуваат преместувања, откази и партизација преку, како што наведуваат, измена на систематизацијата од страна на министерот Цветан Трипуновски.
Од партијата посочуваат дека до нив пристигнале сведоштва од вработени кои тврдат дека десетици лица се прераспределени во подрачни единици надвор од Скопје,
дел се отпуштени, а дел, како што наведуваат, биле принудени да дадат отказ поради притисоци и лоша работна атмосфера.
Левица бара воспоставување на мерит-систем за крај на партизацијата во администрацијата.

